ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Моншалан: Европската перспектива на Северна Македонија не е доведена во прашање

– Сакам да кажам дека европската перспектива, тој марш кон членството не е доведен во прашање, туку напротив, рече таа пред Националното собрание.

November 21, 2019 14:44
in Uncategorized

 Државната секретарка за европски прашања на Франција Амели де Моншалан ја искористи приликата пред Националното Собрание, каде се дебатираше за Предлог-законот за ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, уште еднаш да ги објасни француските позиции за проширувањето на ЕУ, јавува дописникот на МИА.

Според Моншалан, европската перспектива на Северна Македонија, како и на сите земји од Западен Балкан беше призната на самитот во Загреб и во Солун и земјата беше призната како кандидатка во 2005.

– Сакам да кажам дека европската перспектива, тој марш кон членството не е доведен во прашање, туку напротив, рече таа пред Националното собрание.

Законот на министерот за Европа и надворешни работи за ратификација на Протоколот за членство на Северна Макеоднија во НАТО, изутрината беше прва точка на дневниот ред на Француското национално собрание, кое по расправата во која учествуваа претставници на сите политички групи даде зелено светло за ратификација.

Со голем број на гласови, освен тие на комунистите и Непокорна Франција, најмногу поради идеолошки причини, Француското национално собрание го усвои законот за ратификација на Протоколот.

Во воведниот збор француската државна секретарка за европски работи, Амели де Монтшалан нагласи дека „Скопје секогаш давало потврда за постојаност во својата надворешна политика, ориентирана кон Европа, Европската Унија и НАТО“.

Во дебатата која траеше повеќе од еден час, речиси сите учесници ја истакнаа геостратешката положба и значење на Северна Македонија за Балканот и Европа и нејзиното определување за евроатлантските интеграции, за што се направени големи жртви, како промената на името на земјата.

Пратеничката Фредерик Дима, потсети дека како филмски продуцент работела со Милчо Манчевски на филмот Пред дождот, и за тешкотиите филмот да се запише под името на земјата, во 1993 година.

– Сакам со ова да потсетам колку беше тешко да се најде согласност за името Северна Македонија, кое допира во идентитетот на народот, тоа беше долго и тешко. Последиците од Договорот од Преспа беа одлучувачки за Грција, на изборен план владата претрпе пораз директно поврзан со оваа одлука. Од друга страна македонското население исто така има чувство дека беше распродаден нивниот идентитет, рече Дима.

Таа понатаму потсети на референдумот за промена на името, при што изрази надеж дека предностите од скорешното членство во НАТО ќе придонесат за намалување на негативните чувства, но тоа, како што наведе, треба директно да биде видливо од населението, како што беше посочено во извештајот од Сенатот, кој го усвои предлог законот за ратификацијата на Договорот на 17 октомври, односно дека членството во НАТО ќе има директно влијание и за странските инвестиции во земјата.

Дебатата и гласањето во Француското национално собрание, од собраниската галерија ја следеше и македонската амбасадорка во Париз, Јадранка Чаушевска-Димов.

Пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, според објаснувањето дадено во законот од француското министерство за Европа и надворешни работи, ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на Алијансата како целина.

Франција, стои во усвоениот закон, ќе остане особено будна во однос на клучните принципи на процесот на проширување на НАТО, а тоа се проценка на сопствените вредности на земјите-кандидатки и нивниот придонес за безбедноста на евроатлантската област.

Next Post

Се работи на нов закон за работни односи, кој треба да ги унапреди работничките права

НАЈНОВО

Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

Пуштени на слобода чилеанските навивачи по судирите во Буенос Аирес

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk