ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Национална коалиција на граѓански организација за поефикасен пристап до еколошка правда

Трошоците за вештаците се навистина енормни и затоа не постојат физички лица кои сами ја преземаат таа одговорност и товар, зошто е навистина многу тешко да се платат.

November 22, 2019 16:12
in ОПШТЕСТВО, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 18 граѓански организации што делуваат во областа на животната средина и заштитата на човековите права денеска потпишаа меморандум за соработка со цел преземање заеднички иницијативи за овозможување поефикасен пристап на ранливите групи до еколошка правда со акцент на механизмот за бесплатната правна помош, јави МИА.

На првата средба на Национална коалиција, денеска во Скопје, беа презентирани и шест случаи на пристап до еколошка правда, меѓу кои случаи против ТЕЦ „Осломеј“, „Југохром“, „Макстил“, Топилница „Злетово“ и ОХИС.

Според Ангела Димеска од Центарот за еколошка демократија Флорозон, коалицијата ја сочинуваат 18 граѓански организации од сите плански региони.

– Планираме да настапиме со заеднички став за најактуелните проблеми и на централно и на локално ниво во поглед на чиста и здрава животна средина. Во рамки на меморандумот се согласуваме на меѓусебно делување и во размена на капацитети и податоци, едукација на човечки ресурси и градење на капацитети на организациите, изјави Димеска.

Таа посочи дека тие се залгаат пристапот до бесплатната правна помош да биде регулиран, така што, ќе опафти и спорови од областа на животна средина.

– Трошоците за вештаците се навистина енормни и затоа не постојат физички лица кои сами ја преземаат таа одговорност и товар, зошто е навистина многу тешко да се платат. Трошоците зависат од областа, дали се работи за вода, воздух или почва. Не би сакала да шпекулирам, но со трошоците за вештаците може да достигнат од 10 до 20 илјади евра, изјави Димеска.

Според Кристина Најдовски Илиевски од Европска развојна агенција – Скопје, најмногу прекршувања има на Законот за животна средина и уставното загарантирано право за чиста и здрава животна средина.

– Низ судските лавиринти се уште имаме заглавени судски случаи во врска со животна средина. Најчесто имаме случаи на кривични пријави и управни спорови, кои главно се за решенија кои се добиени, па повторно обжалени. Но, сето тоа е само мала трошка, во сето она што може и нашето законодавство го нуди за решавање на спорови од животна средина, изјави Најдовски Илиевски.

Најголеми загадаувачи во нашата држава, посочи таа, се фабриките и во принцип сите судски спорови што се поведуваат се против фабриките кои прават загадување или придонесуваат за уништување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните, а тужители се или невладините кои работат во полето на заштита на животната средина или политички партии.

– За жал се уште немаме тужба каде физичко лице се јавува како тужител. Можеби во судските лавиринти постои таков спор, но засега од тоа што ни е достапно немаме физичко лице, кое што директно учествувало или било странка во спор, изјави Најдовски Илиевски.

Активностите се согласно Стратегијата за реформа на правусудниот систем за периодот 2017-2022, во корелација со проектот „Еднаков пристап за ефективна правда”, имплементиран од Здружението на граѓани – Центар за еколошка демократија Флорозон Скопје, финансиран од Европската Унија преку грантовата шема од ЦФСД при Министерството за финансии на Република Северна Македонија – „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз ефективните реформи во правниот сектор”.

Next Post

(Видео) Младите ќе се стимулираат со речиси 6.000 денари додаток на плата

НАЈНОВО

Скриншот

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

November 4, 2025

Фон дер Лајен: ЕК е попосветена од кога било да го претвори проширувањето на ЕУ во реалност

November 4, 2025
Фото: МИА

Гаши: Предлог – буџетот за 2026 година на пленарна седница на 9 декември

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk