ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: ЕУ не смее да го изостави Западен Балкан

November 22, 2019 13:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Пендаровски кој престојува во дводневна официјална посета на Србија, претпладнето беше пречекан од Вучиќ пред Палатата Србија во Белград со највисоки државни и воени почести.

– Пријателството со Србија во иднина очекувам да го градиме уште поинтензивно бидејќи споделуваме заедничко минато и се стремиме кон иста цел – членство во ЕУ. За нашите стратешки цели денеска имав корисен разговор со претседателот на Србија, Вучиќ. Европската Унија не смее да го изостави Западен Балкан. Единствената гаранција за стабилност, сигурност и просперитет за регионот е членство во ЕУ – напиша претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил по денешната тет-а-тет средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград, пренесе МИА.

Претседателот Пендаровски кој престојува во дводневна официјална посета на Србија, претпладнето беше пречекан од Вучиќ пред Палатата Србија во Белград со највисоки државни и воени почести.

Двајцата претседатели има тет-а-тет средба, на која ги потврдиле пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија и ја потенцирале важноста и посветеноста на градењето, одржувањето и унапредување на меѓусебниот дијалог.

По средбата на двајцата претседатели, се одржи и пленарен состанок меѓу делегациите на Република Северна Македонија и на Република Србија, по што ќе следува и заедничка пре-конференција на претседателите.

Во рамки на официјалната посета, претседателот Пендаровски ќе се сретне и српската премиерка Ана Брнабиќ, со претседателката на Народното собрание, Маја Гојковиќ, како и со претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж и стопанственици.

Пендаровски утре во Нови Сад ќе учествува на 4. Регионален младински форум и ќе се обрати на претседателската панел-дискусија „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците“, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

Next Post

Прес-конференција по повод 20 години ЦИВИЛ, во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk