ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Пожарникарите од Прилеп добија ново возило

Ова е втора донација на „Витаминка“ во рок од две недели за потребите на ТППЕ – Прилеп

November 22, 2019 16:55
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Прилеп заедно со „Витаминка“ АД Прилеп, a во соработка со Fire-Aid International и прилепската компанија „Коузон“, реализираа проект преку кој се донира едно навално противпожарно возило, марка DENNIS, од анлиско производство, за потребите на Територијалната противпожарна единица на Општина Прилеп.


„Денеска присуствуваме на пригоден настан во oпштина Прилеп, кој се случува во ТППЕ – Прилеп, при што нашата противпожарна единица доби уште едно противпожарно возило, а бевме сведоци и на една показна вежба на пожарникарите“, рече градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и додаде дека во неполни два месеци.
„Општествената одговорност на нашата корпоративна стратегија, опфаќа и одговорно делување на претпријатието во локалната заедница. Со оваа наша втора донација, всушност помагаме за брза и навремена теренска интервенција на ТППЕ, и во намалувањето на пожари“, рече Орде Горѓиоски, директор на општ правен сектор во „Витаминка“ АД Прилеп.
Инаку, донираното противпожарно возило од марката Dennis Sabre, е произведено во 2002 година, во Англија, опремено е со три подвижни скали со висина од 13.5 метри, а поседува целосна опрема за спасување на лица од сообраќајни несреќи (специјални ножици за сечење на сите видови на каросерии, опрема за раздвојување на возила од удар, со повеќенаменски делови), како и целосна опрема за гасење на пожари во урбана средина. Носивоста на возилото е 2.000 литри вода, со тоа што силата на пумпите е со капацитет од 2.000 литри во минута. Во Прилеп, со возилото пристигнаа и тројца противпожарни инструктори, кои се професионално ангажирани од противпожарна служба во Англија.
„Ова противпожарно возило беше 15 години во служба во Велика Британија, а сега е донирано тука. Возилото е опремено со две скали, опрема која е наменета за сообраќајни незгоди на пат, црева, млазници, секачи, односно се’ она што е потребно за гасење на пожари. Многу моќно и силно возило, со 300 коњски сили, со кое може брзо да се реагира во ситуација на опасност. Мило ни е што можеме да соработуваме со Општина Прилеп и ‘Витаминка’, се’ со цел да овозможиме подобра заштита на населението во Прилеп“, посочи Рој Бараклоу, директор на англиската доброволна организација „FLORIAN OPERATION“.
„Во името на ‘Коузон’ сакам да се заблагодарам на сите ученици во проектот, преку кој даваме допринос во спречување на пожарите во урбаните средини. Проектот започна во втората половина на месец март, додека пак изборот на возилото беше направен во јуни, а доопремувањето беше во септември, со што во период од шест месеци успеавме да го донесеме возилото. Со ова нема да престане нашата активност, бидејќи како прилепчанец сакам да се оддолжам на мојот град“, посочи Зоран Кочоски, генерален менаџер и сопственик на „Коузон“.
Од противпожарната единица на Прилеп се благодарни за донацијата и сметаат дека ова возило кое може да се користи како за пожари, така и за технички интервенции и сообраќајни несреќи значително се подобрува нивниот возен парк.
Покрај навалното возило, донацијата вклучува и обезбедување долгорочна стручна помош, преку реализација на повеќедневна обука за користење на средствата и размена на искуства. Со обуката ќе бидат опфатени сите пожарникари од ТППЕ-Прилеп, а ќе ја изведуваат професионални инструктори од Англија.
Ова е втора донација на „Витаминка“ во рок од две недели за потребите на ТППЕ – Прилеп, а претходната донација се состоеше од теренско моторно возило од марката „Митсубиши Л200“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk