ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Стеријовска: „Вечера за глупаци”, гледачот во интимна близина со актерите

„Вечера за глупаци”, е претстава која се стреми кон идејата дека денес театарот мора да биде комплетно доживување за публиката, да поставува актуелни прашања и да биде атрактивен во ова наше современие, во кое новите медиуми се најчеста алатка која се повеќе ни ги заменува традиционалните начини на консумирање култура

November 22, 2019 11:03
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Младата режисерка Ирена Стеријовска, денеска (петок 22.11.2019г.) во 20ч. ќе ја има премиерата на претставата „Вечера за глупаци”, во Театар Комедија во Скопје. Ова е второ поставување на оваа претстава од страна на Стеријовска (првото беше во Охридскиот театар во 2015 година), но овој пат, како што нагласува режисерката се работи за сосема нова продукција.

Режисерката Стеријовска говорејќи за сижето на претставата, за концептот како е поставена и за непосредната комуникација и учеството на публиката во претставата, ќе потенцира:

 


„Вечера за глупаци” по текст на Францис Вебер е приказна во која се раскажува за еден обичен ден на протагонистот Пиер Брошан во кој сè тргнува наопаку. Тој е всушност персонификација на високото француско општество, коe презаситено од сè она што може да си го дозволи, се деформира по основ на морални вредности и идејата за она што претставува среќа. Така претставата се занимава со прашањето на предрасудите и на општествениот булинг над оние чии хабитус не кореспондира со востановениот мејнстрим, вели режисерката Стеријовска и додаде:

Пиер Брошан е богат и популарен издавач кој еднаш неделно организира вечера со пријателите на која секој треба да донесе по еден „глупак” со кој се натпреваруваат меѓусебе. Колку позанесен глупак, толку поголема шанса да се победи. Ваквиот изопачен начин на забава се претвора во еден од најнверојатните и најнепријатни денови во животот на популарниот издавач Брошан.

Концептот на претставата инспириран од големиот француски надреалист Рене Магрит ја поставува публиката на сцена, практично на надворешните ѕидови на станот во кој се случува целото дејствие. Така, гледачот од неверојатно интимна близина со ликовите и дејствието, безмалку воајерски сведочи за заплетот на приказната и ситуациите во кои се ставени ликовите.

Ваквата деконструкција на она што во класична постановка го викаме „четвртиот ѕид“ (дистанцата помеѓу сцената и публиката) создава повеќе перспективи од кои може да се доживее приказната. На тој начин се креира невообичаен јазик на сценско и визуелно контекстуализирање на класичната модерна комедија.

За тоа кон што се стреми претставата и кои прашања сака да ги комуницира, Стеријовска за ФРОНТЛАЈН.МК изјави:

„Вечера за глупаци”, е претстава која се стреми кон идејата дека денес театарот мора да биде комплетно доживување за публиката, да поставува актуелни прашања и да биде атрактивен во ова наше современие, во кое новите медиуми се најчеста алатка која се повеќе ни ги заменува традиционалните начини на консумирање култура.

Овој процес ме прави особено горда на актерската екипа која безрезервно и храбро влезе во истражување на хипер-реализмот и елиминацијата на физичкиот простор помеѓу светот во приказната и светот на оние на кои ја раскажуваме. Затоа на сцена може да се видат исклучителни актерски креации… и тоа од неверојатно близина, истакна Стеријовска.

Улогите ги играат: Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Јаков Спасов, Илија Илиоски, Тони Денковски, Столе Мицов, Ема Давчева и Благица Трпковска.

Костимограф и сценограф е Ана Кркулевска.


Интересот на театарската публика за оваа претстава е голем, а за тоа говори и фактот што билетите за премиерата се распродадени, а распродадени се и сите до сега планирани изведби на „Вечера за глупаци” до крајот на годината.

Во режисерски опус на Ирена Стеријовска влегуваат:

– „Роберто Зуко“ од Бернард Мари Колтез, независен театарски проект, клуб Б2 – режисер, 2011година.

– „Мртвиот Дом“, според романот на Ф.М. Достоевски „Записи од мртвиот дом”, Драмски Театар Скопје, режисер и драматург, 2012 год.

– „Љубовникот од Харол Пинтер“, во копродукција со универзитет за аудио визуелни уметности ЕСРА, МНТ Скопје, режија, 2012 год.

– „Вртелешка“ од Артур Шницлер, Драмски Театар Скопје, ко- режисер, 2012 год.

– „Емигранти“ од Славомир Мрожек, Народен Театар Охрид, режисер, 2012 год.

– „Вејка на Вертот“ од Коле Чашуле, Драмски театар Скопје и Театар Фабрика, режисер, 2013 год.

– „Важно е да се Викаш Еренест“ од Оскар Вајлд, Театар Комедија, режисер, 2014 год .

– „Вечера за глупаци“ од Францис Вебер, Народен Театар Охрид, режисер, 2015 год.

– „Метод“ од Жорди Галсерон, Народен Театар Охрид, режисер, 2018 година.

Ј. Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk