ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тесла го презетираше своето прво електрично теренско возило

Елон Маск, основач на производителот на електро автомобили Тесла, синоќа во Лос Анџелес презентираше нов автомобил на електричен погон наречен „Сајбертрак“. Автомобилот е теренец, пикап верзија за транспорт на патници и стоки, и целосно е направен од челик со бронирани стакла

November 22, 2019 15:35
in TECH FRONT, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Елон Маск, основач на производителот на електро автомобили Тесла, синоќа во Лос Анџелес презентираше нов автомобил на електричен погон наречен „Сајбертрак“. Автомобилот е теренец, пикап верзија за транспорт на патници и стоки, и целосно е направен од челик со бронирани стакла, пренесе МИА.

На презентацијата Маск повика вработен во компанијата да ја демонстрира издржливоста на шасијата и стаклата. Автомобилот издржа удари со голем чекан – стаклото не се скрши, а на шасијата немаше длабнатини и гребнатини.

Носечката конструцкија на електро пикапот е направен од ладновалан нерѓосувачки челик без нанесување боја, наречен и „егзоскелет“ (голем дел од достапните пикап возилата со средна и полна големина на американскиот пазар имаат рамна конструкција). Истиот челик е употребен во ракетата „Старшип“, со која компанијата на Маск планира да испрати луѓе на Месечината и на Марс.

Стаклата, поставени одделно, не се скршија ниту на тест за издржливост со употреба на голема метална топка. Но стаклата сепак се скршија на самиот автомобил, откако главниот конструктор, Франц фон Холцхаузен, испушти металната топка од висина од неколку метри.

И покрај тоа што тестот не успеа, Маск укажа дека топката се одбила и не завршила во салонот на автомобилот. Истакна и дека шасијата на „Сејбертрак“ е непробојна за куршуми со калибар од 9 мм.

Автомобилот ќе се продава во три верзии, со еден, со два или со три електрични мотори. Во зависност од моделот, батериите ќе бидат со досег од 402, 482 или 805 километри соодветно. Пикапот со максимална дополнителна опрема може да постигне брзина од 96.6 километри на час за 2.9 секунди.

Цената на најефтиниот модел е од 39.900 американски долари, додека тромоторниот ќе чини 69.900 долари. Производството на „Сејбертрак“ е планирано да започне кон крајот на 2021 година.

Тесла се обидува да привлече муштерии од најпобаруваниот сегмент на пазарот со автомобили во САД – теренските возила, каде примат имаат „Џенерал Моторс“, „Форд“ и „ФЦА“. Првите модели на електрични пикапи од „Форд“ и „Џи-Ем“ е планирано да се појават во продажба кон крајот на 2021 години.

На синоќешната презентација Маск изјави дека дизајнот на „Сајбертрак“ личи на модификувана верзија на автомобилот Лотус Еспирит од филмот со агентот Џемс Бонд „Шпионот кој ме сакаше“. Шасијата пак, обоена со ретки бои за нерѓосувачки челик, е слична на Делорен ДМЦ-12, автомобилот од трилогијата „Враќање во иднината“, чиј производиел подоцна банкротираше.

Next Post

Меркел: Климатските промени и дигитализацијата се клучните предизвици за ЦДУ

НАЈНОВО

Канада најави огромни воени трошоци: 81,1 милијарди долари за зајакнување на вооружените сили

November 5, 2025

Државен секретар на Унгарија: Националната консултација се однесува на тоа колку пари остануваат кај луѓето

November 5, 2025

Хакери од „NoName057“ ги нападнаа веб-страниците на белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk