Преку ноќта беше претежно облачно со повремен дожд на истокот и југоистокот. Утринава врнежи има и во делови од Пелагонија и во Скопје, пренесе МИА.
Во текот на денов на запад ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а преку централните делови и особено на исток ќе има зголемена облачност со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Врнежите попладне ќе престануваат. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.
Во Скопје умерено до значително облачно со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне 16 степени.