ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уште девет членки на ЕУ се потпишаа на писмото со кое се бара преговори за С.Македонија во март

Нема одржлива алтернатива за полноправното членство на земјите од западниот Балкан во ЕУ ако сакаме ефикасно да ги сочуваме интересите на регионот. Точно е дека сегашниот пристапен процес на западниот Балкан бавно и нееднакво напредува. Поради тоа сме подготвени конструктивно да се ангажираме во напорите за подобрување на овој процес.

November 22, 2019 23:30
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Писмото на шесте земји испратено минатата недела до Европската Комисија во кое се бара почеток на преговорите со Албанија и Северна Македонија во март 2020-та се збогати со потписите на уште девет други држави членки на ЕУ, јавува дописничката на МИА од Брисел.

На Австрија, Италија, Словенија, Словачка, Полска и Чешка од вторникот им се придружија и Бугарија, Естонија, Грција, Унгарија, Ирска, Летонија, Литванија, Малта и Португалија и го додадоа својот потпис на писмото до Европската Комисија во кое се дава согласност за реформа на методологијата на преговарачкиот процес доколку тој овозможи отворање на пристапните преговори за членство со Скопје и Тирана во март 2020.

Писмото доаѓа како своевиден одговор на иницијативата на Франција предложена минатата недела да се измени процесот на преговарање за земјите кандидати пред да се продолжи со политиката на проширување.

За потсетување, писмото, сега потпишано од петнаесет земји, потсетува на важноста на процесот на евроинтеграција за земјите од западниот Балкан и нагласува дека консолидацијата на Европската Унија е невозможна без вклучување на земјите од регионот, како и дека процесот на ЕУ интеграција најдобро може да обезбеди успешен реформски процес на Балканот.

-Нема одржлива алтернатива за полноправното членство на земјите од западниот Балкан во ЕУ ако сакаме ефикасно да ги сочуваме интересите на регионот. Точно е дека сегашниот пристапен процес на западниот Балкан бавно и нееднакво напредува. Поради тоа сме подготвени конструктивно да се ангажираме во напорите за подобрување на овој процес. Тоа ќе го сториме доколку оваа задача се води на ефикасен начин, свртен кон добивање резултати и доколку тоа и овозможи на ЕУ да ги започне преговорите со Албанија и Северна Македонија во март 2020-та, бараат петнаесетте земји членки на Унијата.

Со зголемувањето на бројот на потписници на ова писмо, мнозинството земји членки застануваат зад оваа иницијатива и бараат преговорите да започнат во март идната година.

Земјите членки ќе се навратат на оваа дискусија за време на идните министерски состаноци за општи работи на ЕУ кои се одржуваат еднаш месечно, но потребно е новиот состав на Европската Комисија да почне со работа за да може да поднесе предлог до земјите членки на ЕУ, врз чија основа тие би можеле да изградат компромис по ова прашање.

Next Post

Петгодишната Лили за секоја хемотерапија се облекува како Дизни принцеза

НАЈНОВО

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени две лица за грабежот на накит во Лувр

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk