Надлежните служби во Општина Карпош открија 13 локации на територија на општината каде што има создадено отпад на јавни површини, информираат оттаму.
Преку стратешки пристап и нивно мапирање, локалната самоуправа презема мерка за чистење на овие т.н. диви депонии.
– Како дел од мерките и активностите предвидени во Акцискиот план за спроведување на мерки и активности дефинирани со ЛЕАП (Локален еколошки акционен план за 2019 година, од областа отпад), Секторот за екологија и енергетска ефикасност започна со евидентирање и изготвување на листа и мапа на ѓубришта на територија на Општина Карпош. За истата цел, Секторот соработуваше со урбаните заедници во општината. Урбаните заедници, од нивна страна пак, пријавија можни локации за несоодветно и несовесно одлaгање на отпад на територијата на Карпош“, се вели во соопштението.
Градоначалникот на општината Сетфан Богоев , на социјалните мрежи објави дека веќе ја исчистиле депонијата во Злокуќани (кај фудбалското игралиште), а продолжуваат и на други места.
– Интензивирани се и инспекциските контроли, а во тек е и информативната кампања за правилно одложување на џебен, комунален, кабаст и е – отпад – пишува Богоев.