ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Психолошката поддршка за лицата со ретки болести да биде системски решена

Ивана Хаџиванова, психолог и психотерапевтка, рече дека целта и мисијата на денешната обука е да се прошири мрежата на професионалци од областа на менталното здравје, кои како и досега ќе овозможуваат психолошка поддршка и психотераписка поддршка за лицата со ретки болести и нивните семејства.

November 23, 2019 12:58
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ од Битола заедно со НЕОКОРТЕКС – Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација и Ивана Хаџиванова психолог, психотерапевт од Скопје, организира еднодневна обука за психолози и психотерапевти на тема „Менталното здравје – витално во холистичкиот третман на лизата со ретки болести и нивните семејства“, пренесе МИА.

– Многу е тешко кога некој ќе ја добие дијагнозата за ретка болест, настанува шок и стрес за целото семејство, и токму затоа сметаме дека освен давање информации и поврзување на семејствата преку линијата за помош, треба да ја зголемиме поддршката што ја даваме кон пациентите, а тоа го нправивме со воведување бесплатна психолошка и психотераписка помош за пациентите но и за нивните семејства, затоа што товарот на ретката болест не е само на пациентот туку и на целото семјство, изјави за Весна Алексовска, претседателка на Здружението.

Таа оцени дека во земјава работите за оваа проблематика полека одат напред, има повеќе лекови што се достапни, имаме Комисија за ретки болести која многу напорно работи за да ги регистрира пациентите и за да воведе нови терапевтски можности заедно со Министерството за здравство.

– Во Македонија има над 2.000 лица што се соочуваат со ретки болести и психолошката поддршка е многу потребна, таа е потребна и за лица кои се соочуваат со најразлични хронични болести затоа што кога доживотно се соочуваш со некоја болест, кога доживотно си врзан за Клинички центар, навистина е потребна и таа емоционална поддршка настрана од здравствените и социјалните услуги, и се надеваме дека со тек на време и државата тоа ќе го овозможува на овие семејства, за да тоа може системски да биде решено. Без системски решенија тоа останува на самите организации и на индивидуалците во државата, а тогаш е многу потешко, вели Алексовска.

Таа истакна дека Здружението долги години ја работи линијата за помош и од 2009 година постојано работи на подигнување на јавата свест за ретките болести и на се поголема поддршка и помош за пациентите и за семејствата кои се соочуваат со некаква ретка болест. Додаде дека соработуваат и со линиите за помош кои се наоѓаат во Словенија, Србија, Хрватска, Бугарија, БиХ, Албанија и со Косово.

Ивана Хаџиванова, психолог и психотерапевтка, рече дека целта и мисијата на денешната обука е да се прошири мрежата на професионалци од областа на менталното здравје, кои како и досега ќе овозможуваат психолошка поддршка и психотераписка поддршка за лицата со ретки болести и нивните семејства.

Според Хаџииванова, тоа е многу важен витален дел од целата сложувалка на холистичката нега која им е потребна на овие лица.

Next Post

Папата Франциско во посета на Јапонија

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk