ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Аврамовска Ѓореска: Жените во ЛДП не сакаат да бидат само квота, тие се борат за придонес со квалитет, работа и исполнителност

Во изминатиот период постигнавме многу. На последните парламентарни избори, три од пет кандидати за пратеници беа жени. Од три пратеници кои влегоа во Собранието, две се жени. Речиси 50% од советниците на ЛДП во општинските совети се жени. Морам да истакнам и дека од четири потпретседатели во партијата, две сме жени.

November 24, 2019 15:09
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Жените не се бројка туку се наш квалитет, заклучија учесниците на Петтото Собрание на Форум на жени на Либерално-демократската партија што се одржа во Скопје. Изминатите четири години пратеничката од македонското собрание и потпретседателка на ЛДП, Јулиана Николова преседаваше со Форумот. Таа потенцира дека изминатиот период заеднички работеле на интензивна едукација, во која е вложено многу труд, во соработка со меѓународните организации FNF, ALDE, VVD, Liberal International, NDI, со цивилниот сектор од нашата земја, како и со огромна поддршка на машките колеги, велат од Либерално демократската партија.

„Во изминатиот период постигнавме многу. На последните парламентарни избори, три од пет кандидати за пратеници беа жени. Од три пратеници кои влегоа во Собранието, две се жени. Речиси 50% од советниците на ЛДП во општинските совети се жени. Морам да истакнам и дека од четири потпретседатели во партијата, две сме жени. Сигурна сум дека новото раководство ќе биде уште поуспешно, дека жените и понатаму ќе бидат еден од главните столбови во партијата и дека и жените ќе имаат одговорни функции, не поради квоти, туку поради квалитетот и исполнителноста“ истакна Николова. Јулиана додаде дека од позицијата на потпретседателка на партијата, останува посветена на родовата еднаквост и учеството на жени во политика. Таа се заблагодари на целиот тим, сите жени на ЛДП кои несебично го дадоа својот придонес во сите политички и партиски активности, за сите посветени моменти на работа но и незаборавни дружења и трајни пријателства. Посака успех на новата претседателка на Форум на жени на ЛДП, Билјана Аврамовска Ѓореска.

„Кога ја поднесов кандидатурата ме следеше силна емоција за мојата поврзаност со ЛДП цели 22 години партиски ангажман, буквално пораснав со ЛДП, созреав во политичка личност и така сакам да остарам. Пред вас стои жена, мајка, сопруга, пријателка, либералдемократка која цврсто верува дека во жената се наоѓа моќта да создава, да се грижи и да менува. Жените во ЛДП секогаш размислуваат различно, со аргументирани ставови. Затоа, како претседателка сакам сите заедно да постигнеме зголемување на жените во извршната власт, почитување на индивидуата, да ја шириме мисијата и визијата за просперитетна држава. Буквално, сакам жената да остави траен историски печат во општеството преку политичкото дејствување“ истакна Билјана Аврамовска Ѓореска, новата претседателка на Форум на жени на ЛДП.

Честитки за новата претседателка дојдоа и од врвот на партијата, претстедателот на партијата, Горан Милевски и останатите, потпретседателката Моника Зајкова, како и потпретседателите Зоран Шапуриќ и Игор Вељаноски.

„Особено сум горд на жените во партијата, честитки за новоизбраната претседателка на Форум на жени на ЛДП. Сакам да потенцирам дека продолжуваме да се бориме заедно со жените, тие константно се движечка сила, сите заедно размислуваме различно и овој период интезивно носиме резолуции и одлуки за либералните вредности кои итаат кон патот до ЕУ“ додаде Милевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Алкалоид го победи АЕК во Атина во првиот натпревар од финалето на ЕХФ

May 18, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Мицкоски најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата

May 18, 2025
Инаугурација на папата Лав Четиринаесетти. Фото: Скриншот

Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk