Скандалозно е вие да имате такви бонуси, па не знам каква работа да вршите во општеството. Скандалозно е да имате бонуси кои произлегуваат од буџетот на една земја во која има и луѓе кои гладуваат. И тоа како што рековте вие, во што се претвори лицето на правдата, одговори претседателот на Граѓанската организација ЦИВИЛ, на прашањето дали во СЈО е злоупотребена стапката на скриени трошоци, и дали додатоците треба да достигнат суми од 4000 евра.
Дерала рече дека ЦИВИЛ во мај ја поднесе инцијативата ,,Крај на расипништвото,“ и таа не се однесува на намалување на привлегиите, туку преку неа се бара укинување на привилегиите на функционерите, било да се назначени или избрани.
„Тие привлегии нам нѝ одземаат милиони евра секоја година, а тоа се парите на граѓанките и граѓаните на Република Северна Македонија. Навистина е скандалозно тоа што освен една или две пратенички проговорија на оваа тема и освен тоа што ја поддржа претседателот на државата, уште во време кога беше кандидат за претседател, навистина сериозна активност во парламентот не се случи на тема на укинување на привлегиите. Неко владини мерки одат во таа насока, но ние сметаме дека тие се далеку од доволни. Укинување не подразбира намалување, укинување не подразбира заменување. Подразбира нула, нула привилегии за функционерите….(…) Освен што се скандализираме, ние имаме и други форми на притисок кои можеме во законски, уставни формни да ги направиме. Тоа се петиции. До сега над 5000 луѓе ја потпишаа електронската петиција. Можеме, доколку медиумите станат солидарни со нас, можеме да ја зајакнеме јавната свет и да направиме и петиција која според Законот, ќе мора во Парламентот да се дискутира и потоа да се донесе закон кој ќе се однесува на ваквите барања на граѓанките и граѓаните и на ЦИВИЛ. Ние исто така поднесовме низа иницијативи уште пред 11 години…..Сите алатки што нѝ се на располагање, можеме да ги употребиме, само не знам што чекаме, рече Дерала.
Инаку, ЦИВИЛ, без помпи и коктели, денеска го одбележа 20-тиот јубилеј од формирањето на граѓанската организација.
И.Т.З.