ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грција во хаос по невремето: Затворени училишта, забрана за пловидбa

(ВИДЕО) Интервенција на противпожарната служба за спасување лица од поплавени домови, затворен дел од автопатот Атина – Коринт

November 25, 2019 10:23
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter
Интервенција на противпожарната служба за спасување лица од поплавени домови, затворен дел од автопатот Атина – Коринт, затворени улици во Атина, пролонгиран почетокот на наставата во училишта и градинките во областа Атика, апел од Генералниот секретаријат за цивилна заштита граѓаните до 10 часот утрово да избегнуваат непотребни движења со автомобили, загинати две лица во Антирио, е билансот од невремето „Гирионис”, што од доцна синоќа ја зафати Грција и создаде сериозни проблеми во повеќе делови на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Областа Кинета во западниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, беше најпогодена од невремето, домови и улици се поплавија, а противпожарната служба на Грција во текот на ноќта примила над 64 повици за помош, од кои повеќето биле за отстранување на луѓе од нивните поплавени домови.

Со одлука на надлежните, затворен е дел од автопатот Атина – Коринт што поминува низ Кинета.
Периферијата Атика, одлучи училиштата и градинките да останат затворени до 10 часот утрово.
Од Генералниот секретаријат за цивилна заштита рано утрово упатија повик до жителите на Атика да избегнуваат движење со автомобили до 10 часот утрово и од превентивни причини и за да се избегне сообраќаен хаос со непријатни последици поради насобрана вода на улиците.

Невремето создаде сериозни проблеми и во бродскиот сообраќај, на неколку грчки пристаништа, поради силниот ветер има забрана за пловидба.
Како што претходно објави МИА, спасувачките служби од морето ги извлекоа безживотните тела на двете лица кои од вчера се водеа за исчезнати, откако се превртила мала јахта закотвена на пристаништето во грчкиот град Антирио во западниот дел на земјата. Едното лице беше извлечено околу час и половина по полноќ, а другото рано утрово.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Амбасадорката Кејт Мари Брнс во Вратница на одбележување 75 години од падот на американски воен авион  

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: ЦИА е овластена за тајни операции во Венецуела поради дрогата

October 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас: Немаме пристап до остатокот од телата на заложниците, потребна е специјална опрема

October 16, 2025

Делови од Стајковци, Центар, Бутел и Ѓорче Петров без електрична енергија

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk