ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Потребно итно воведување на предлог-моделот за рехабилитација на жени жртви на семејно насилство

Овие податоци ни ја покажуваат неопходната и итната потреба за воведување на ваков модел на рехабилитација и она што со задоволство можам да го соопштам е дека како посебен член е влезен во новиот Закон за насилство врз жени и семејно насилство, што сега ќе влезе и во процедура на усвојување, посочи Димушевска.

November 25, 2019 12:55
in ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Потребно е итно воведување на предлог-моделот за рехабилитација и реинтеграција што ќе ги опфати сите аспекти кои се важни и клучни во процесот на напуштање на насилната средина и започнување нов живот, истакна денеска Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство на панелот на тема „Предлог модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство“ што се одржува во Скопје.

– Моделот ги вклучува петте најважни аспекти, а тоа се домување, психолошко советување, финансиска поддршка, образование и обуки и помош при вработување. Тоа е еден процес што треба да ги поддржи жените во донесување на одлуката, да ги охрабри да напуштат и да започнат нов живот, појасни Димушевска.

Според последното истражување на ОБСЕ што било објавено во мај годинава кое било спроведувано во земјите од Западен Балкан меѓу кои и земјава, 60 проценти од жртвите на семејно насилство биле контролирани од сторителот, немале никаков или имале контролиран пристап до финансии и нивните деца биле користени како средства за уцена за жената да не го напушти партнерот. Од сите испитани жени, 19 проценти или секоја петта жена е жртва на економско насилство од партнерот, а жените кои трпеле семејно насилство во минатото, а не биле во можност да обезбедат живеалиште или храна за себе и своите деца поради тоа не ја напуштиле насилна средина, во последните 12 месеци, односно во текот на 2018-та, повторно биле изложени и се соочиле со повеќе форми на семејно насилство.

– Овие податоци ни ја покажуваат неопходната и итната потреба за воведување на ваков модел на рехабилитација и она што со задоволство можам да го соопштам е дека како посебен член е влезен во новиот Закон за насилство врз жени и семејно насилство, што сега ќе влезе и во процедура на усвојување, посочи Димушевска.

Претседателката на Клубот на пратенички во Собранието Ѓулумсер Касапи посочи дека овој ден (Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените) го означува почетокот на глобалната кампања на која Клубот на пратенички со оваа панел дискусија се приклучува кон активизам за спречување на насилство врз жени и девојчиња кое ќе трае 10 дена, а ќе заврши со Светскиот ден на човекови права.

– Почетокот и крајот на кампањата која се организира за зголемување на свеста и преземање конкретни мерки за прекинување на насилството врз жените, не се одбрани случајно туку со цел да се направи поврзување меѓу насилството врз жените и кршењето на човековите права. Токму насилството врз жените е едно од најчестите и најактуелните и воедно најмалку препознатливи прекршувања на човекови права од што во светски рамки страда секоја трета жена, рече Касапи.

Додаде дека Клубот на пратенички отсекогаш делувал со заедничка и единствена цел – преку законски решенија да се постигне родова еднаквост и унапредување на правата на жената.

– Континуирано продолжуваме во борбата против семејното насилство, а пример за тоа се иницијативите меѓу кои со поддршка на Клубот за пратенички во Законот за семејство вградена е посебна глава за заштита на жртви од семејно насилство, со измените во Законот за игри на среќа и забавни игри поднесени од Клубот на пратенички се формира посебен фонд за борба против семејно насилство, дополни Касапи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk