Почитуван г-н Џабир Дерала,
Би сакал да Ве известам дека во последната колумна на г-н Сашо Орданоски се изнесени низа клеветнички наводи за мојата улога и поврзаност со аферата „Рекет“.
Ова е линк до текстот на г-н Орданоски:
https://civilmedia.mk/kade-e-
На овој текст одговорив со моја колумна на порталот Плусинфо, во која се посочени конкретните клеветнички наводи. Ова е линкот до мојата колумна:
Во мојата колумна го замолувам г-н Орданоски, како што е ред, јавно да ги повлече свооите клеветнички наводи, кои се прецизно нотирани од моја страна.
Вие, г-н Дерала, како уредник на наведениот медиум, како и уредник на порталот frontline.mk, каде што за мене фреквентно навреди и клевети изнесуваат г-н Бранко Тричковски и други колумнисти, сносите и лична одговорност за ваквото неодговорно однесување на поединци во медиумите што ги уредувате.
Со оглед на фактот дека сме долгогодишни пријатели и соработници, а имајќи и разбирање за потребата на некои луѓе сепак да ја гонат својата агенда, каква и да е таа, би сакал да Ве замолам, во рамките на Вашите уреднички овластувања, да се погрижите критиките насочени кон мене што ги објавувате, да бидат во рамките на пристојноста, на Кодексот на новинарите на Македонија и на правилата на журналистичката етика.
Навистина не би сакал да бидам доведуван во ситуација да покренувам нови жалби пред Жалбената комисија на СЕММ и пред Судот на честа на ЗНМ (една таква претставка поднесов за колумна на г-н Тричковски на frontline.mk), или евентуално тужби за навреда и клевета пред Граѓанскиот суд.
Дотолку повеќе што јас со ништо друго – освен со своето мислење, кое се разликува од мислењата на Вашите колумнисти (белким е тоа сѐ уште дозволено) – не сум дал повод да бидам изложен на вакви подли клевети и навреди.
Пријателски поздрави,
Бранко Героски
новинар