Слободата на изразувањето е највисока вредност за која се залагам во ЦИВИЛ, во медиумската платформа ЦивилМедиа и каде и да сум, а тоа е учено и од медиумите кои ги водел колегата Бранко Героски.
Стилот на врвните автори кои пишуваат за нашата платформа (а кои долги години соработувале и со медиумите на г. Героски) е одраз на нивното разбирање на културата на говорот и содржината на критичката мисла.
ЦивилМедиа ги објавува сите реакции на објавените содржини на својата платформа и стои на располагање за соработка со сите саморегулаторни медиумски тела и судски инстанции.
Срдечно,
Џабир Дерала