ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев: Нема одложување на изборите, ако дојде до гласање СДСМ ќе поддржи една изборна единица

Јас мислам дека нема никакви причини за одлагање на изборите. Впрочем претседателот на ДИК рече дека се подготвени ако треба да се менува изборниот модел, но на крајот на денот тоа зависи  од највисоката институција  во парламентарната демократија тоа е Парламентот.

November 25, 2019 13:18
in ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев смета дека нема да има одложување на изборите и очекува да го види законското решение во врска со промена на изборниот модел кое што е во подготовка во Парламентот. Ако процесите за тоа продолжат во Парламентот СДСМ, рече, не би гласале спротивно на нивното изборно ветување за една изборна единица.

-Јас мислам дека нема никакви причини за одлагање на изборите. Впрочем претседателот на ДИК рече дека се подготвени ако треба да се менува изборниот модел, но на крајот на денот тоа зависи  од највисоката институција  во парламентарната демократија тоа е Парламентот. Јас сум информиран дека е преточено едно законско решение кое што е надвор од информираноста на Министерството за правда, сакаме да го видиме тоа законско решение. Но уште еднаш само ќе напоменам, СДСМ има изборно ветување  во 2016 година за една изборна единица.

После тоа некаде пред неполна година беше отворена дебатата за отворени листи. Ние повторно се собравме донесовме политичка одлука дека сме и за отворени листи. Во такви околности ако дојде до гласање ваквото законско решение ние ќе го поддржиме заради тоа што е наше ветување  дадено на граѓаните. Се надевам дека тоа ќе биде по пат на консензус и со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ, но гледам дека не се одѕваа на поканите на малите партии да дојдат и  дискутираат, рече Заев на новинарско прашање по потпишувањето Меморандум за соработка со швајцарската амбасадорка за проект за поддршка на изборите реформи.

Според него, партиите треба да дискутираат за иницијативата која што ја водат малите партии и тој и СДСМ ја поддржуваат иако знаат дека најмногу губи партијата која е прворангирана – СДСМ, па потоа второ рангираната  ВМРО-ДПМНЕ па другите партии, но вели добива демократијата, добиваат помалите партии, добиваат етничките помалкубројни заедници во државата, што го оценува како исчекор во демократизацијата.

-Верувам дека има доволно време, има уште 4,5 месеци до изборите ако не се лажам. Сето тоа не значи никаков вид на промени во избирачки одбори, не значи никаков вид промени во поставеноста на избирачките регулативи во делот на спроведувањето на фер, демократски и ефикасни избори. Или ако има што било што влијание, секако ДИК ќе се изјасни како прв орган за оваа работа. Но во секој случај ако процесите продолжуваат во Парламентот со нивната постапка ние не би гласале спротивно на нашето изборно ветување односно би го потврдиле тоа што го ветивме на самите избори, рече Заев.

Тој напомена дека сите треба да дадат свој прилог и да имаат разбирање за помалите партии, но и за обврската кон државата.

-Демократизацијата е важна работа која нема кој друг да ја направи освен политичките репрезенти на државата во Парламентот, вели премиерот Заев.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

July 19, 2025
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесети Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk