Најмалку девет лица загинале во силниот земјотрес кој рано утрово ја погоди Албанија, а албанскиот „Топ чанел“ пренесува дека има две жртви во Туман, еден во Драч и еден во Курбин во близина на Драч.
Човекот што загинал во Курбин, всушност од паника скокнал од тераса, во зградата што се уривала.
Четири жртви од кои три се жени кои починале под урнатините, а еден маж кој од земјотресот изгубил контрола врз автомобилот загинал во собраќајка, известуваат албански локални медиуми.
До сега се избројани до 322 повредени, а за многу други се добиваат информации дека се уште под урнатините. Граѓани од Драч и околните села бараат помош и сведочат дека нивни роднини, претежно стари лица и деца не можат да ги извлечат.
Медиумите јавуваат дека албанскиот премиер Еди Рама пристигнал во Драч како и претседателот Илир Мета, каде што беше епицентарот на серијата силни земјотреси.
„Се прават наспроти да се помогне на настраданите. Институциите да си ја завршат работата. Се надеваме дека нема да има многу жртви“, вели Мета.
Според медиумите, има најмалку 322 повредени во земјотресите со јачина од 6,4 и 6,5 степени според Рихтерова скала со епицентар недалеку од Драч.
По овие два силни земјотреси следувале уште седум афтершокови, кои исто така, биле силни.
Во земјотресот причинета е и голема материјална штета. Урнати се две згради, а повеќе се оштетени.
Во повеќе места нема струја, а болниците се полни со луѓе кои се вознемирени.
Некои албански агенции јавија дека бројот на жртвите се зголемил на пет, но за ова нема официјална потврда.
Од урнатите згради се уште траат спасувачките акции за спасување на преживеаните, така што се очекува и бројот на жртвите да порасне.