Светскиот шампион во Формула 1 за 2009 година, Џенсон Батон, поминал 17 часа во пустината поради несреќа со неговиот автомобил на Баха 1000, пренесе МИА.
Британецот уште од напуштањето на Формула 1 е вклучен во разни автомобилски дисциплини, вклучително и „офроуд“.
– Стартувавме добро, надминавме некои машини. Пронајдовме добар ритам. По 235 милји со мојот навигатор, слушнавме гласен татнеж и моторот згасна. Диференцијалот беше скршен. Проблемот беше што застанавме на многу затскриено место. Поминавме цела ноќ под ѕвездите“, прокоментира Батон.
Jenson Button left stranded in desert for 17 hours after Baja breakdown #F1 #Baja1000 | #JensonButton https://t.co/8AeIrKZ4iM pic.twitter.com/jDDogldRQ0
— Motorsport Week (@MotorsportWeek) November 26, 2019