ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битолски театар со „Бакхи – краток преглед на распадот“ ќе гостува во Суботица

Директорот на НУ Народен театар Иван Јерчиќ изјави: Уште еднa потврдa дека правиме претстави во кои се говори за работи кои се релевантни во контекстот во кој денес живееме. Нашата претстава „ Бакхи - краток преглед на распадот“, која беше прогласена за најдобро уметничко остварување на МТФ Војдан Чернодрински, повторно на пат

November 26, 2019 17:17
in КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Бакхи -краток преглед на распадот“ на 28.11.2019 ќе гостува во Суботица на Desire Centra lStation Festival.

Претставата премиерно беше изведена на 9.5.2019. Гостуваше на повеќе фестивали  и тоа: МТФ „В. Чернодрински„- Прилеп, Охридско лето, Будва град театар, МОТ -Скопје.

„Уште еднa потврдa дека правиме претстави во кои се говори за работи кои се релевантни во контекстот во кој денес живееме. Нашата претстава „ Бакхи – краток преглед на распадот“, која беше прогласена за најдобро уметничко остварување на МТФ Војдан Чернодрински, повторно на пат.

Добивме и добиваме покани за гостување од секаде, некои не успеавме да ги реализираме немајќи термини (но ги оставаме за в година), но една дестинација никако не смееме да ја прескокнеме.

Гостуваме на можеби најквалитетниот театарски фестивал во регионот, Desire Central Station во Суботица.
Во друштво сме со најинтересните остварувања, театри и режисери од регионот како што се Јозеф Наѓ, Златко Паковиќ, Андраш Урбан, Словенско Младинско Гледалишче, Зетски Дом, Сомборскиот театар…
На 28.11.2019 во 19:00ч, Суботица, сцена Јадран“, изјави Директорот на НУ Народен театар Иван Јерчиќ.

Меѓу преостанатите и сочувани грчки трагедии на Еврипид, Бакхи се издигнува заради неколку тематски и формални причини, но можеби најважна е таа што Бакхи -те ја содржат алузијата на театарот сам по себе и фактот дека тие говорат за неговата скриена моќ и нашето цивилизациско сознание:моќта на раскажување приказни. Можеме да кажеме дека Бакхи се прапочеток на „метатеатарскиот” текст.


Овој текст е длабока загатка за релативноста и променливоста на нашиот идентитет. Студија за тоа во што го препознаваме божественото, истовремено и потсетник дека тоа, „божественото” доаѓа во облици коишто не сме спремни да ги прифатиме и да ги препознаеме. Бакхи не е текст што јасно ни ја отвора поделбата на протагонист – антагонист, текст кој повлекува линија помеѓу доброто и злото, туку нè потсетува дека овие опозиции се создадени и форматирани од човекот, односно човекот, со својата способност за дефинирање и разложување (анализирање), не е во можност да ја разбере вистинската природа на појавната стварност.

Но, можеби најинтересното прашање со кое се занимаваме во нашата претстава е: зошто нашиот идентитет, наместо во вредностите кои ги делиме и за кои се бориме, пред сè е конституиран „со она другото” – непријателство спрема „надворешниот противник”? Дали на тој начин криеме дека вистинскиот „непријател меѓу нас – сме самите ние?”; дека сме вистински странци на себе си и едни на други, односно дека ништо не нè саботира повеќе отколку општествените препреки коишто самите си ги наметнавме – Игор Вук Торбица, режисер.

Ова не се само Бакхи на Еврипид, ова се и нашите бакхи, што знаат дека театарот е најсубверзивното оружје измислено од човечкиот ум. Тој е оној театар што ја конституира јавноста (публиката). Театарот што стана место за преиспитување на општеството и себеси, театарот што не е забава, туку театар што се бори. За ослободување. А, се бори за која слобода? За онаа одамна заборавената, онаа што ја снема откако човекот престана да признава било што, освен својата моќ – Билјана Крајчевска, драматург.

Играат: Маја Андоновска – Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски, Васко Мавровски, Викторија Степановска – Јанкуловска.

ХОРОТ НА БАКХИТЕ: Валентина Грамосли, Никола Пројчевски, Сандра Грибовска, Анастазија Христовска

Светло мајстор: Игор Мицевски, Горан Петровски

Тон мајстор: Николче Терзиевски

Инспициент : Мирослав Лазаревски

 

 

—

 

Next Post

Презентирана студија за ревитализација на Водно

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk