ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Со социјалната реформа ја зголемивме социјалната помош и платите на социјалните работници

Со социјалната реформа ја зголемивме социјалната помош за три пати, но и платите на социјалните работници за 26 отсто, порача министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во денешното обраќање на настанот во рамки на ЦЕЕПУС мрежата за социјална работа и социјална политика „Регионална недела“ кој од вчера до 29 ноември се одржува на Филозофскиот факултет во Скопје

November 26, 2019 15:50
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Со социјалната реформа ја зголемивме социјалната помош за три пати, но и платите на социјалните работници за 26 отсто, порача министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во денешното обраќање на настанот во рамки на ЦЕЕПУС мрежата за социјална работа и социјална политика „Регионална недела“ кој од вчера до 29 ноември се одржува на Филозофскиот факултет во Скопје, пренесе МИА.

Министерката пред експерти од областа на социјалната заштита од земјава и странство ја презентираше социјалната реформа и соработката со Институтот за социјална работа и социјална политика во подготовката на законските регулативи.

-Мора да истакнам дека околу 70 отсто од препораките што ги добивме од институтот ги вметнавме во законските решенија. Сега имаме во просек за три пати зголемена социјална помош за корисниците и социјални пакети со коишто ја намалуваме сиромаштијата, но и 26 отсто зголемени плати на социјалните работници коишто ја имплементираат реформата. Дел од овие работници работат со лица со тешки попречености и немаа покачување на платите повеќе од 15 години и работеа за минимална плата. Ваквата состојба сега е променета, рече Царовска.

Таа истакна дека во тек е спроведувањето на втората фаза од социјалната реформа- развој на социјалните услуги на локално ниво кои ќе се имплементираат преку општините за што на располагање се 10 милиони евра.

На настанот се обрати и преставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција Ди Џовани, која зборуваше за улогата и придонесот на УНИЦЕФ во земјите од Западен Балкан.

Целта на Регионалната недела е да се истакнат искуствата и потребата од регионалните вмрежувања заради здружување на најдобри практики и договорање стандарди во социјалната политика и социјална заштита кои ќе бидат договорени и прифатени од истражувачите, практичарите и политичарите во интерес на одржливост и унапредување на системите на социјална заштита.

На настанот учествуваат осум професори од регионот, сите професори од Институтот за социјална работа и социјална политика, како и студенти на докторски и магистерски студии од регионот и при Институтот.

Next Post

Владата донесе одлука за првична финансиска помош од шест милиони денари за Албанија

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk