Најмалку шест лица загинале во утринскиот земјотрес кој го погоди Албанија. Министерството за одбрана потврдил дека едно лице животот го изгубил во Курбин откако скокнал од станот во паника, а две жртви се извадени од урнатините на една зграда во Тумане. Четвртата жртва е извадено од урнатините на една надградба во Драч.
Како што известува ТВ Клан од Албанија, два безживотни тела се извадени од остатоците на урнатиот Хотел Вила Палма во Драч, со што бројот на жртвите официјално до стигнува до шест.
Други медиуми известија и за починат маж кој во време на земјотресот возел и изгубил контрола врз возилото по што завршил во тешка сообраќајка, но за оваа информација се уште нема официјална потврда од институциите.
Од земјотресот со 6,4 степени според Рихтер кој беше регистриран во 3.53 утринава, се известува дека над 300 граѓани се повредиле, а многу други останале се уште неизвлечени од урнатините и се трага по нив.
Овој беше најјакиот земјотрес од серија земјотреси кои се случиле пред и после тој, но со различни интензитети. Епицентарот бил во околината на Драч каде има многу урнати објекти, а последици има и во Тирана. Земјотресот се чувствувал и во Скопје и Тетово, како и во Црна Гора и пошироко во регионот.
https://www.facebook.com/joqalbania/videos/464835840816287/