ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пожарникари од Град Скопје и специјална единица со дронови и беспилотно летало упатени за Драч

Екипа составена од четири пожарникари со едно возило меѓу кои и командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, како и две лица кои ќе вршат снимање со термален дрон и термални камери со цел да може да се откријат евентуално преживеани во рушевините, испрати Град Скопје како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија

November 26, 2019 16:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Екипа составена од четири пожарникари со едно возило меѓу кои и командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, како и две лица кои ќе вршат снимање со термален дрон и термални камери со цел да може да се откријат евентуално преживеани во рушевините, испрати Град Скопје како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија, пренесе МИА.

Покррај тоа, Градот испрати и беспилотно летало кое ќе врши 3Д мапирање на теренот за да им помогне на спасувачките служби кои се на теренот во најпогодениот град Драч.

-Денеска во раните утрински часови контактирав со градоначалникот на збратимениот град Тирана со кој сме дорби пријатели со цел да ја понудам помошта која Град Скопје. Екипите се подготвени да заминат. Очекувам денеска во раните вечерни часови да пристигнат на погоденото место и да се стават на располагање на службите во Драч, изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Во одговор на прашање посочи дека за утре е закажана седница на Советот на која ќе се донесеодлука за испраќање дополнителна помош.

-Утре имавме закажано редовна седница  на Советот на Град Скопје. Утрово комуницирав со координаторите на советничките групи во Градот и ќе имаме вонредна точка на седницата на Советот за доделување парична или материјална помош. Во зависност од тоа што ќе биде побарано од нас, таква одлука утре ќе донесе Советот по што ќе почнеме со испраќање на помошта за настраданите луѓе во  земјотресот во Албанија, рече Шилегов пред почетокот на втората презентација на ревидираната Студија за валоризација на Водно восалата на Советот на Градот.

Тој посочи дека останатите екипи на Градот се подготвени за, како што рече, ситуација која никој од нас не ја посакува,  ниту ја пожелува, и дај Боже никогаш да нема потреба да ги активираме. вј/са/

Next Post

Министерството за правда ќе одговори на барањата за ограничување на каматата за извршителите и нотарите

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk