Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов предмалку соопшти дека ќе биде испратенa екипа за помош на граѓаните во Албанија.
– Во договор со градоначалникот на Тирана, Град Скопје кон Драч ќе упати специјална екипа, опремена со термални дронови за помош при пребарувањето на преживеани под рушевините. Се што е можно правиме за помош во овие трагични моменти – напиша Шилегов.
https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3069440633280514
Утрово неколку силни земјотреси се случија во околината на Драч во Албанија, во кои има и жртви, а многумина се наоѓаат под урнатините.