По низата силни земјотреси во Албанија, денеска во 10.20 часот силно и долготрајно тресење на земјиштето се почувствува и во Бодсна и Херцеговина, јавуваат босанските медиуми.
Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), зењмјотресот бил со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала. Иако првобитно се измерени 5,2 степени, дополнително овој податок беше изменет.
Епицентарот на земјотресот беше на подрачјето на Херцеговина, 11 километри од Невесиње и 767 километри јужно од Сараево, на длабочина од 10 км.
Земјотресот ги затресе зградите, а нишањето траеше подолго време, поради што многу граѓани истрчаа на улица, јавуваат босанските медиуми.
Граѓани од Мостар сведочат дека земјотресот траел долго, дека паднале слики од ѕидовите на повисоките катови, и дека има пукнатини по ѕидовите.
Земјотресот се почувствува и во околните земји, а засега нема информации за настаната штета.