ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери: Дали ќе се одложат изборите ќе се знае ако до 31. декември не го знаеме техничкиот премиер

Според информациите на Џафери, Владата во Шпанија треба да се формира во јануари и тој верува дека ќе се стаса со ратификацијата.

November 27, 2019 15:42
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ако до 30-31 декември нема сигнали кои ќе бидат функционерите на техничката влада, ќе биде јасно дека изборите нема да се одржат на 12 април. Тоа е најјасниот сигнал, дали на 12 април ќе се одржат изборите, оти на 3 јануари ќе треба да биде изборот на техничката влада, како што налага Пржинскиот договор, техничката влада  да се избере 100 дена пред парламентарните избори, рече Талат Џафери, претседателот на Собранието, на денешниот брифинг за новинарите.


Коментарот на Џафери доаѓа по информациите дека е можно одложување на изборите. Одложувањето на изборите се врзува со можноста Шпанија во јануари да не го ратификува протоколот за НАТО, бидејќи се уште нема формирано нова влада.
Оттука и македонскиот парламент нема да може да го ратификува протоколот, бидејќи на 12 февруари треба да се распушти. Според информациите на Џафери, Владата во Шпанија треба да се формира во јануари и тој верува дека ќе се стаса со ратификацијата.


Џафери останува на ставот дека нема да го свика Собранието ако тоа се распушти на 12 февруари и во случај Шпанија да не стаса со ратификацијата. Во таков случај, вели Џафери, ратификацијата во македонското Собрание ќе ја гласа новиот парламентарен состав.


На крајот на денешниот брифинг претседателот на Собранието имаше пријатна  обврска – тој ѝ врачи Благодарница на колешката Мира Костиќ, новинарка од Македонското радио, која наскоро заминува во пензија.


Костиќ голем дел од својата професионална кариера, околу 30 години, ја помина токму како собраниски известувач, а за професионалноста денеска ѝ се заблагодари и Џафери.

Next Post

Шекеринска: Буџетот за одбрана за 2020 година НАТО буџет

НАЈНОВО

Почна да се гради „Градски воз“: Првата линија готова за шест месеци, брзата пруга во употреба од 2028

October 24, 2025

Д-р Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

October 24, 2025
Скриншот

Њу Делхи предизвика вештачки дожд во обид да го ублажи големото загадување на воздухот

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk