Од силниот вчерашен земјотрес кој ја погоди Албанија, на тој простор до денеска забележани се 524 земјотреси.
Четири забележани потреси беа со јачина поголема од 4,5 степени според Рихтеровата скала и разорниот со јачина од 6,3 степени што се случи вчера во 3.55 часот.
Во меѓувреме, дури седум потреси биле со јачина од четири степени до 4,5 степени, околу 17 меѓу 3,5 до 3,9 степени, додека останатите биле послаби.
Најновиот потрес утрово беше со јачина од 3,4 Рихтери со епицентар во Јадранско Море, пренесе АТА.
Земјотресот кој во вторник наутро ја погоди Албанија зеде до сега 29 жртви.