ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Излеаната река на македонската небиднина се враќа во коритото

Таа коалиција меѓу сдсмовските дисиденти и комитите, ја губи смислата без перспективата на ударот. Првите знаат дека Македонија не може да издржи уште едно вмро и дека тоа се однесува и на нив и веќе почнаа да ги повлекуваат своите ударни бригади од катастрофичниот јавен дискурс. Тоа е прв знак дека до изборите работите нема да се ожесточуваат, туку дека од аспект на невмронските вморони ќе се нормализираат. Јас дури мислам дека ќе се нормализираат и од страна на вмро-дпмне, макар што тука ќе се јави проблемот со дефицитотот на нормалноста во биолошка смисла.

November 27, 2019 15:32
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Приказната оди вака:

Пред многу години, во градот на две реки, бел како платното на Биљана, живееше Весна Пешиќ. Бескрајно драга особа, паметна професорка, шармантна жена, неверојатно топла и леплива во лукот, гласот, гестот, изразот и ставот.

И денеска живее таму, но ова е приказна од нејзиното блиско минато.

Се бореше против тоталитаризмите и диктатурите, против војните и жртвите, беше стигнала на прагот да рече, готово е, успеавме, слободни сме, среќата е со нас, иднината е светла…

Арно ама и дојде да се разочара во Борис Тадиќ и во Драган Ѓилас.

Во Драган Јовановиќ и во Зоран Живковиќ.

Во манекените на слободата.

Се сеќавате, имаше жената милион причини да биде разочарана од тие политички влечуги и финансиски предатори, од тие културни гуланфери и морални изобличености, од парадерите кои го поништуваа поништувањето на милошевиќевизмот, на стариот режим и раѓањето на новото време, влечејќи го својот легитимитет од статусот на помалото зло во однос на големата трагедија од која тврдеа дека ја излегуваат земјата.

И тогаш, реши дека големината на злото нема да го диктира нејзиното отсуство/присуство во политичкиот живот и дека ќе им остане верна на големите идеали на слободата и среќата. Нејзина беше идејата за белите ливчиња на кои граѓаните потоа цртаа курови и пички. И врз основите на тие органи на власт го инсталираа, нормално и закономерно, големото зло. Идејата на Весна не ја доведе земјата до катарзата на која таа се надеваше, туку до национален крах, забревтан и несопирлив, со време доведен до нивото во кое, такво е расширеното уверување, уништеното општество нема да може да се совлада себе си и власта без крв.

Јас тогаш бев со Весна.

Мислев дека победата на нејзината опција ќе биде знак дека свеста на општеството е искачена на повисоко ниво, на ниво од кое е спремно да го уништи не само тоталитаризмот, туку и парадата на слободата како своја нова инкарнација.

И затоа сум слободен да кажам дека луѓето кои во Македонија ни ги продаваат благородните приказни на Пешиќ, се или наивни будали или злобни циници.

Кога Владе Милчин, да речеме, вели дека ќе си седи дома и нема да гласа ниту за вмро ниту за сдсм, тој зазема поза во која од граѓаните прави идиоти и на вратот им инсталира канцероген тумор. Тој се лаже ако мисли дека е дедото од рекламата за учење на англиски јазик. Затоа што културниот, историскиот и геополитичкиот контекст во кој тој или Весна Песшиќ или кој и да е, сакаат да го совладаат односот меѓу малото зло и големото зло, така што ќе ги сведат на исто рамниште, му даваат недостижна предност на големото зло. Со други зборови, нивниот став е против мене. Тие учествуваат во изградбата на затворот во кој една ќелија ќе биде за мене. Другата за моето куче. И така натаму. Тие ги надминуваат своите права и влегуваат во зоната на моите права. Тие се форматираат како непријатели на народот, на граѓаните, на нормалноста и иднината. И тој став воопшто не го негира нивното право да бидат незадоволни од Заев или од власта и да се борат против тоа од што се незадоволни или дури против власта во целина.

Мојот оптимизам околу излезноста, па и во врска со резултатите од изборите го темелам на следниве елементи:

Демократите кои дадоа темелен придонес во хистеризирањето на општеството, во неговата десубјективизација и дезориентација, преку секојдневното откривање на милион помали и поголеми причини и илустрации на тезата дека “не нѐ бива”, ја губат перспективата на пучот со кој сакаа да го спречат инсталирањето на Заев во голема историска, значи, не само политичка фигура, во каква беше почнал да расте со поместувањето на македонската планина кон Брисел. Не само преку решавањето на проблемите со соседите туку и преку отворањето на перспективите на системот како правна и демократска категорија. Односно да ја преземат контролата над процесите во Македонија, во сдсм, во власта, па, на некој начин и во опозицијата преку чување на двопартискиот систем како работа која во нивните очи е поважна дури и од Македонија.

Македонија може да падне, ама Систем не сме пасти!

Заеднички работеа со вмро. Личноста и проектот, симболот Заев, да се уништат не затоа што тој не им се бендисуваше, туку затоа што процесите кои тој ги покрена и ги симболизираше, се закануваа дека нив ќе ги заринкаат како китови во песочните плажи на Отворена Македонија.

Таа коалиција меѓу демократите, односно сдсмовските дисиденти и комитите, ја губи смислата без перспективата на ударот, односно во услови на безмалку редовни избори. Првите знаат дека Македонија не може да издржи уште едно вмро и дека тоа се однесува и на нив и веќе почнаа да ги повлекуваат своите ударни бригади од катастрофичниот јавен дискурс. Тоа е прв знак дека до изборите работите нема да се ожесточуваат, туку дека од аспект на невмронските вморони, ако така можеме да ја означиме групацијата околу Милчин, Геро, Ивор, Ристиќ, Торте итн., ќе се нормализираат. Јас дури мислам дека ќе се нормализираат и од страна на вмро-дпмне, макар што тука ќе се јави проблемот со дефицитотот на нормалноста во биолошка смисла. Но, еве, гледате, лидерот „приема всичко“, однекаде му станува јасно дека како ненормален не може да дојде на власт, тој циклус е завршен, а од друга страна му е јасно дека ако не е е ненормален не може да биде вмронален и, сега, тука се одвива таа внатрешна битка во и околу вмро-дпмне. Исходот, драги мои, е јасен, чумата на вмровизмот односно на беспреседентната лудост, на невидениот кретенизам и идиотизам, е во напредната фаза на протерување од овие простори. Можеби вам така не ви се чини, но, јас ве уверувам дека е така и ви препорачувам да почнете да се прешалтувате. Тоа е традиционална македонска дисциплина, верувам дека нема да ви биде тешко. Конечно, гледам дека идејниот мотор на конфронтациите останува без бензин. Јас не можам да сретнам човек што го боли курот за уставното име. Од Рекорд до Корзо нема да најдете таков човек. И жените не ги боли меѓу нозете. Од уставот. Хахаха. Нема такви. Исчезнаа. Добро, Ќулафкова, Сузана, Тањичка и Ванковска, но тоа жени ли се мори мамо, викав у Куманово. Знам некои кои се срамат од себе. Од штетите што ги направија со циркузирањето на нацијата. Забележувате ли дека никаде ја нема темата за идентитетот. За достоинството и за кичмата. Никому не му е гајле за Дисциплина кичме.

И најнакрај на крајот, големи кругови корисници на услугите на партиите како акционерски друштва за пљачка на државата, или се веќе иселени или увидуваат дека ќарот за тоа што ќе се прават или веќе се луди, е пичкин дим во однос на штетата што ја прават.

Нечие ќеркиче ќе се вработи да титка десет часа во некаков супермаркет за двеста евра!

А он вморон!

Со шефот кој му е во Будимпешта, а сметките му се во Лугано и на Белизе.

На шефот, не неговите.

Хахаха!

Излеаната река на македонската небиднина, нека малку да се поетизираме, се враќа во коритото.

Националното прашање беше решено.

Инаку немаше да се јави вмро-дпмне.

Уживајте до крајот на животот, дури и ако знаете дека ќе умрете утре.

Еднаш уживав така, но, животот, курва, ме изневери!

 

 


Сите права се задржани. Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK. ПРЕЗЕМАЊЕТО (и делумно и целосно) НА КОЛУМНИТЕ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 15 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ.
Со неовластено преземање на делови или цели прилози од оваа веб страница, СЕ СОГЛАСУВАТЕ на FRONTLINE.MK да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Next Post

По 63 години изграден нов павилјон во Психијатриската болница Демир Хисар

НАЈНОВО

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk