ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

По 63 години изграден нов павилјон во Психијатриската болница Демир Хисар

Од основањето на болницата пред 63 години, не беше направена ниту една посериозна интервенција на постојните капацитети

November 27, 2019 15:35
in РЕПУБЛИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче денеска официјално го отвори новоизградениот дел на Психијатриската болница Демир Хисар. Станува збор за комплетно нов машки павилјон за чија изградба средствата ги обезбеди Американската амбасада, а уредувањето го финансираше самата болница.


– Оваа здравствена установа претставува значаен центар за лекување на пациентите со нарушено ментално здравје. Од основањето на болницата пред 63 години, не беше направена ниту една посериозна интервенција на постојните капацитети. Новиот павилјон, кој го изградивме во партнерство со американската влада е голем исчекор во унапредувањето на оваа установа и здравствениот третман на пациентите, кои се лекуваат овде. Наша цел, како Министерство за здравство, е на сите пациенти да им овозможиме медицинска нега и квалитетни здравствени услуги соодветни на нивните потреби, изјави Филипче.


Новоизградениот машки павилјон е со површина од 510 метри квадратни и има болнички и административен дел. Внатрешното уредување на павилјонот е направено со сопствени средства на болницата и согласно стандардите за ваков тип установи.


-Објектот поседува 36 болнички кревети, санитарен и административен дел. Во целост објектот нуди подобри услови за престој на пациентите, но и многу подобри услови за работа на персоналот. Сето ова значи и повисок квалитет на здравствена услуга. Благодарност до сите учесници вклучени во проектот. Ваквите добри услови во иднина нè обврзуваат да бидеме уште подобри, изјави Татјана Лозановска, директорка на Психијатриската болница Демир Хисар.


На отворањето на новиот павилјон присуствуваше и мајор Даниел Маједа, шеф на канцеларијата за одбранбена соработка при Американската амбасада, кој истакна дека ова е само еден дел од програмата за хуманитарна помош финансирана од Европската команда на војската на САД. Преку оваа програма досега се реализирани над 30 проекти во областа на здравството, образованието, кризниот менаџмент и справување со кризи. Најави дека и понатаму ќе поддржуваат проекти кои ќе ги подобруваат основните потреби на локалното население, а во партнерство со соодветните министерства, институции или општини.

Next Post

Надворешнополитичко зевање

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk