ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Можностите за инвестиции во државава претставени на бизнис форум во Катанија

Претставници од присутните компании од машинската и ИТ индустрија изразиле интерес да ја посетат нашата земја и побарале организирање состанок за подетално запознавање со бизнис климата по завршување на форумот, соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

November 27, 2019 11:50
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија се претстави на македонско-италијански бизнис форум кој се одржа во Катанија, стои во соопштението.


Претставници од присутните компании од машинската и ИТ индустрија изразиле интерес да ја посетат нашата земја и побарале организирање состанок за подетално запознавање со бизнис климата по завршување на форумот, соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
Директорот на Агенцијата, Арбен Виља во обраќањето на форумот изразил подготвеност за остварување поблиска соработка со компаниите заинтересирани за запознавање со инвестициските можности на нашата земја, ја истакна улогата на Агенцијата во процесот на привлекување странски директни инвестиции и ги претставил реформските процеси што ги спроведува Владата за поддршка на капацитетите на домашните компании.

 

Иван Илиев, државен советник во АСИПИРСМ и поранешен промотор во Милано, ги претставил инвестициските можности на нашата земја, поволната бизнис клима и условите за почнување и водење на бизнис, а Бесник Фетаи, проректор на Универзитетот на Југоисточна Европа го претставил моделот на  овој Универзитет со Технолошкиот парк, каде моментно работат 20 компании.  Тие се основани од дипломирани студенти од УЈИЕ, работат за странскиот пазар, а нивна главна активност е креирање на софтверски производи и развој на софтвер.

Пред почетокот на форумот делегацијата од нашата земја ја прими градоначалникот на Катанија, Салво Поглиезе на која се дискутирало за можноста за поблиска економска соработка во иднина.
Градоначалникот изразил подготвеност да ја посети нашата земја и да ги повика компаниите поблиску да се запознаат со можностите кои ги нуди нашата земја. Од Агенцијата за странски инвестиции очекуваат средбата да резултира со нови успешни проекти и зајакнување на соработката во различни сфери каде што ќе има заеднички интерес.

Делегацијата од државава ја продолжува посетата на Италија со средби во Стопанската комора на југоисточна Сицилија, со ректорот на Универзитетот Катанија и организацијата на индустријалците на Катанија Confindustria Catania.
Next Post

Анѓушев – Вуцас: Сите економски индикатори се позитивни, Северна Македонија атрактивна за австриските инвеститори

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk