ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Буџетот за одбрана за 2020 година НАТО буџет

Дел од буџетот ќе оди и за реконструкција на објектите на армијата од кои голем дел се стари или застарени

November 27, 2019 16:08
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Буџетот за одбрана во 2020 година ќе изнесува 10,1 милијарда денари што е зголемување од 22 проценти во однос на оваа година, пишува МИА.

Како што истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска приоритет во креирањето на буџетот се модернизацијата и човечките ресурси. Од сумата на буџетот за одбраната која значи зафаќање од 1,4 проценти од БДП на земјата  првпат 20 проценти ќе бидат наменети за опремување и модернизација на Армијата, што е и обврска и од членството во НАТО.


Тоа, според Шекеринска, значи дека за оваа ставка сумата е зголемена за 56  проценти во однос на минатата година, а главниот фокус ќе биде на опремување на декларираните единици. Пари се предвидени  и за финансирање на инженерски машини, за набавка на борбени возила и опрема за комуникациска и сајбер опрема.


Во делот на вториот приоритет, грижата за луѓето, Шекеринска посочи дека оваа година со закон и со буџет се обезбедени 7.000 денари за станарина, како и зголемување на платите на вработените во одбраната за 16 проценти со што нивните примања се зголемуваат за над 50 отсто.


Дел од буџетот ќе оди и за реконструкција на објектите на армијата од кои голем дел се стари или застарени, а вкупната определена сума е 263 милиони денари или три пати повеќе од 2018 година.


Предвидено е подобрување на логистичката поддршка од 8,4 милиони денари со која меѓу другото ќе се зголеми надоместокот на учесниците во мировни и хуманитарни мисии, зголемени школувања, обуки, вежби во земјава, но и во странство. Заради подобрување на борбената готовност  еден дел од овие средства ќе одат и на одржување на постоечката што, како што рече Шекеринска, е една од најкритичните точки во досегашниот систем.


-Буџетот за одбрана за 2020 година е буџет за одбрана на земја членка на НАТО и се водевме од таа премиса кога го планиравме, кога баравме повеќе пари и кога обезбедувавме повеќе шанси за припадниците на Армијата. Армијата во НАТО ќе влезе со плати покачени за 16 проценти, со дополнителни приходи на месечно ниво, со нова опрема и лична, но и опрема во однос на механизацијата, со континуирано насочено внимание од државата кон секој наш војник и офицер како што заслужува. Буџетот на одбрана порасна двојно во однос на 2017 година, но многу малку од тие средства излегуваат од нашите граници. Сите овие зголемувања кои се наведени се зголемување во наш човечки капитали во нашата државна одбрана. Сликата за одбраната и за Армијата драстично ја менуваме затоа што и Армијата и одбраната тоа го заслужуваат, рече Шекеринска.


Таа нагласи дека следната година Северна Македонија и формално ќе го заокружи процесот  на зачленување во НАТО најсилната воено политичка Алијанса во светот.
-2020 е година кога и формално ќе ставиме печат на нашето членство во НАТО. Ќе дефинираме дека таа стратешка цел сме ја исполниле и тоа ќе стави печат и на стабилноста и на границите и на сувереноста на нашата држава. Тоа ќе ги зголеми шансите и за инвеститорите, домашни и странски и затоа очекуваме дека нашето членство во НАТО ќе значи и повеќе шанси за работа и подобро платени работни места и поголем интерес од страна на инвеститорите. Бидејќи ја постигнавме нашата стратешка цел, членство во НАТО, ова е начин како тоа членство да го искористиме во полза на граѓаните, истакна Шекеринска.


Согласно членството во НАТО, обврска на земјата е буџетот на одбраната да изнесува 2 проценти од БДП. Предвидено е буџетот и во наредните години да расте со стапка од 0,2 проценти за постигнување на оваа цел.

Next Post

Уставен поведе постапка за оценување на членот 11-а од дополнувањето на Законот за помилување

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk