Нови пет мега инвестиции, вредни секоја по стотина илјади евра, најава за ново покачување на минималната плата до 16.000 денари, реформа во судство и правниот систем, се само дел од ексклузивните најави на премиерот Зоран Заев во интервју за “Отворено Студио” што ќе се емитува вечерва во 20:45 на ТВ ШЕЊА и фан пејџот на телевизијата на Фејсбук.
Претседателот на Владата зборува отворено и за можните коалиции и заеднички листи за предвремените парламентарни избори, за што тврди дека ќе се земат во предвид пораките испратени од граѓаните на последните локални и претседателски избори.
Заев зборува и за односите со опозициските партии, конфликтот меѓу челници на СДСМ и ДУИ, меѓу него и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, како и за иднината на специјалните обвинители од СЈО.
Придобивките од НАТО како и очекувањата од самитот во Загреб се дел од разговорот во кој посебно објаснивање Заев дава и за новите економски мерки во буџетот за следната година.
Арбен Зеќири