ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европратеникот Пицула задолжен да помогне да се деблокираат преговорите со ЕУ

Пицула се заблагодари за довербата на Парламентот и порача дека ќе понуди „сет на конкретни препораки“ со кои треба да се надмине блокадата од последниот самит на ЕУ во октомври и да се отворат преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија.

November 28, 2019 10:14
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Хрватскиот европратеник Тонино Пицула, е избран за известувач за самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во мај во Загреб. Тој ќе има задача да формулира препораки во име на Европскиот Парламент во пресрет на лидерскиот состанок и да помогне да се деблокираат преговорите со Скопје и Тирана.

Пицула се заблагодари за довербата на Парламентот и порача дека ќе понуди „сет на конкретни препораки“ со кои треба да се надмине блокадата од последниот самит на ЕУ во октомври и да се отворат преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија.

-Правејќи грешка, францускиот претседател, Емануел Макрон со блокирањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија успеа нешто што не планираше – го врати проширувањето во фокусот на европско ниво. Најдобро се виде тоа во денешниот говор на претседателката Урсула фон дер Лајн која во своето обраќање јасно порача дека вратите на ЕУ остануваат отворени и таа тема ја истакна веднаш на почетокот на својот говор, изјави вчера Пицула.

Во својот воведен говор пред гласањето на Европскиот Парламент, новоизбраната претседателка на Европската Комисија потврди дека перспективата за членство во ЕУ на западниот Балкан останува жива.

Франција во октомври ги блокираше преговорите со Северна Македонија и Албанија повикувајќи се на потребата за претходна внатрешна реформа на Унијата како и на целиот преговарачки процес со регионот.

За известувачот Пицула „расправата за реформата не смее да го сопре процесот“.

-Земјите треба да бидат оценувани индивидуално, врз основа на индивидуални заслуги и постигнувања, рече европратеникот.

Покрај оваа улога, Тонино Пицула е и редовен известувач на Европскиот Парламент за Црна Гора. Неговиот извештај за загрепскиот самит се очекува во текот на март идната година.

Next Post

Технологиите за препознавање на лица се закана за човековите права

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk