Во наредната деценија бројот на жители во Азија би можел да се зголеми околу 250 милиони, а во исто време двојно да порасне побарувачката за храна во овој регион, проценуваат експертите, пренесе МИА.
Новите истражувања покажуваат дека овој континент нема да биде во состојба да се прехрани во наредните 10 години и на прехранбената и земјоделската индустрија во Азија ќе им бидат потребни инвестиции во висина од 800 милијарди долари со цел да се задоволи зголемената побарувачка за храна.
Експертите предупредуваат дека климатските промени и растот на бројот на жители дополнително ќе влијаат на проблемот што регионот го има со снабдување на храна, како и врз нестабилноста на цените.
Според проценките на експертите до 2030 година обработливото земјиште по жител во Азија ќе се намали за пет отсто.