Времето ќе биде променливо облачно, во текот на денот во западните делови со повремен дожд. Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират и во останатите делови и ќе се интензивираат. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец., пренесе МИА.
Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната осум до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
До сабота ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, позастапени во западните и северните делови. Во петок ќе дува засилен ветер од југозападен правец, во сабота ќе го промени правецот во северозападен и ќе предизвика опаѓање на температурите.