ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Идејата на францускиот нон-пејпер е забрзување на процесот на преговори

Во францускиот нон-пејпер има идеи што се добри и има идеи што нема да бидат лесно спроведливи. Важно е што крајот на процесот е полноправно членство, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Владата во однос на францускиот предлог за реформа на преговарачкиот процес за членство во ЕУ

November 29, 2019 15:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во францускиот нон-пејпер има идеи што се добри и има идеи што нема да бидат лесно спроведливи. Важно е што крајот на процесот е полноправно членство, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Владата во однос на францускиот предлог за реформа на преговарачкиот процес за членство во ЕУ, пренесе МИА.

Тој појасни дека Владата одржала средба со сите надлежни ресори и разговарала со многу од експертите за францускиот нон-пејпер.

– Важно е што се става акцент кога се презентира нон-пејперот дека идејата е да се забрза процесот. За нас е важно во регионот да има еден процес за да можеме да се натпреваруваме рамноправно со другите земји кои веќе се во пристапниот процес како што се Црна Гора и Србија, инаку нема да има реформски натпревар. И важно е што поитно да се постигне консензус меѓу земјите членки, за овој процес да се отвори, изјави министерот Димитров.

Европскиот пат, рече Димитров, е во фокусот на граѓаните по не добивањето на одлуката во октомври од страна на Европскиот совет и мислам дека во следниот период мојата клучна порака и овде и на сите средби со министрите на земјите членки ќе биде дека потребно е итно и без одлагање донесување на одлука за почеток на пристапните преговори, .

– Тоа е важно за нашите напори дома, важно е за Балканот, меѓутоа важно е и за сериозноста и кредибилитетот на ЕУ во контекст на политиката на проширување на Западниот Балкан. Тоа ќе овозможи да се создаде политичка атмосфера и да се усоврши процесот на пристапување во светлината на оние земји членки кои сметаат дека е потребно да се подобри методологијата за да биде процесот вистински трансформативен, поефикасен и побрз. А и граѓаните од регионот да имаат побрзи бенефиции од реформските чекори, изјави Димитров.

Next Post

Ивановски: Уставниот суд не треба да го урива принципот на владеење на правото и да го штити криминалот

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk