ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Ивановски: Уставниот суд не треба да го урива принципот на владеење на правото и да го штити криминалот

Евентуалната одлука на Уставниот суд за укинување на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година, може да значи рушење на принципот на владеење на правото и на правна држава

November 29, 2019 15:24
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Евентуалната одлука на Уставниот суд за укинување на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година, може да значи рушење на принципот на владеење на правото и на правна држава, вели за МИА поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски.

Уставниот суд во средата одлучи да поведе постапка по поднесената иницијатива за оценување на членот 11-а кој овозможува претседателот на државата да повлече веќе донесена одлука за помилување. Тоа практично би значело дека би се активирале масовните помилувања што ги даде поранешниот претсдеател Ѓорге Иванов за осомничени во постапките на СЈО, а потоа под притисок на јавноста ги повлече.

– Уставниот суд треба да сфати дека правната држава се гради преку принципот на владеење на правото и дека не треба да потпаѓа под влијание на какви било политички  притисоци, да навлегува во линија да го руши принципот на владеење на правото односно да ја руши самата правна држава. Сите знаеме на што е последица сегашното реагирање на Уставниот суд. Иницијатива секој може да поднесе, меѓутоа за да се стави и да се даде легитимитет на таа иницијатива и уште повеќе да се поведе постапка, мислам дека тука се поаѓа од аспект да се заштити криминалот, да се заштитат криминалците, и дека е во функција да нема одговорност за криминалот, истакнува Ивановски.

Според него, прашањата што се третираат со оспорената одредба од законот која е во основа на членот 11-а биле јасни уште кога поранешниот претседател Иванов донесе одлука без никаков законски основ, зашто се повикал на една одредба од законот која веќе беше  укината од самото Собрание.

– Бидејќи претседателот  донесе одлука за аболиција која немаше законски основ, и по реакцијата на македонската јавност тој беше принуден таа одлука да ја повлече. Имаше соодветни приговори за тоа дека наводно претседателот  нема овластување за тоа. И сега како кец на десетка, се злоупотреби правото и правните одредби, за тоа да се овозможи. Нормално јавноста е вознемирена, вознемирено е и правото, вели Ивановски.

Уставниот суд, нагласува неговиот поранешен претседател, треба да изнајде сили и да сфати дека таквиот однос или таквото гледање на Уставот и на неговата примена, може да значи само уривање на темелите на правната држава и фактички враќање на криминалот.

Иако во образложението уставните судии се повикуваат на принципот на владеење на правото, Ивановски предупредува дека треба да се внимава, и ако некој го сфаќа буквално и сака некакво покритие за да го руши како принцип, тогаш тој е скаран со правото.

Во меѓувреме, денеска, министерката за правда Рената Дескоска го повика Собранието да даде автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување со цел да се спречат обидите за избегнување на правдата и обезбедување неказнивост за сериозни кривични дела, осносно активирање на незаконските помилувања дадени од поранешниот преседател Иванов.

Next Post

Почна судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk