ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Почна судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица

Обвинети се Јулијана Спировска, тогашна директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“, Драгослав Радески и одговорното лице на јавното претријатие. Обвинението ги товари за тешки дела против општата сигурност.

November 29, 2019 15:26
in ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со воведни зборови на обвинителството и на одбраната денеска во Струмица почна судењето за хеликоптерската несреќа по повеќе од пет години, откако претходно два пати беше одложувано, јави МИА.


Обвинети се Јулијана Спировска, тогашна директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“, Драгослав Радески и одговорното лице на јавното претријатие. Обвинението ги товари за тешки дела против општата сигурност.

Обвинетите се изјаснија дека не се виновни, а нивните бранители рекоа дека вината за трагичната несреќа не може да се бара кај обвинети и дека 120-метарскиот неосветлен антенски столб, во кој удрил хеликоптерот, не е причина за загинувањето на четворицата пилоти на МВР.

Одбраната смета дека се работи исклучиво за несреќа која се должи на повеќе фактори или причини, од кои на прво место се повеќе системски слабости во организацијата на безбедноста на воздушниот сообраќај во државата и констатирани слабости кај државни институции како што се Агенцијата за цивилно воздухопловство, М-НАВ и МВР како сопственик на хеликоптерот и работодавач на загинатите пилоти и целокупната организација на користењето на хеликоптерите при изведување на летови, особено со користење на опрема за ноќно летање.

Адвокатите на обвинетите потенцира дека не е јасно како хеликоптерот еднаш се обидел да слета на површина со искосена трева и откако не успеал слетал на друго место оддалечено 1.300 метри од местото на несреќата, каде била извршена замена на пилотите и потоа хеликоптерот зазел погрешен курс на летање по што удрил во антенскиот столб на ЈП „Македонска радиодифузија“. Покрај тоа, тие тврдат дека пилотите летале со топографска карта од 1973 година, наместо со навигациска карта, а комуникацијата со контрола на летање била прекината по Валандово и немало најава за вон аеродромско слетување.
Адвокатите во воведните зборови изнесоа и други тврдења за невиноста на нивните клиенти и истакнаа дека во текот на судењето ќе докажат дека тие не се виновни.
Адвокатот на оштетените смета дека е најважно што конечно почна судскиот процес за хеликоптерската несреќа.

-Очекувањата во текот на постапката се дека и во воведните говори обвинетите не го оспорија клучниот факт дека антенскиот столб, кој е еден од четирите во државата, бил неосветлен и правните недостатоци на институционални слабости воопшто не се битни за оваа несреќа. Сметам дека во текот на постапката има сериозни докази од страна на обвинителството со кои ќе се докаже одговорноста и вината на обвинетите, рече Игор Мицев, адвокат од Скопје.

Во хеликоптерот произведен 2008 година на 10 јули 2014 година пилотите на МВР- Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички биле на ноќен лет на релација Скопје-Велес-Неготино-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и назад и била користена опрема за ноќно летање.

Во моментот на урнувањето, хеликоптерот тип МИ17 со регистарски ознаки МАР 7712, удрил во антенски столб на „Македонската радиодифузија“, а четворицата пилоти починале веднаш.
Судењето продолжува в понеделник.

Next Post

Пендаровски: Уставните судии да сфатат дека Груевски веќе не е господар на нашите животи

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk