Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Велика Британија ќе ја напушти Европската унија најдоцна до 31 јануари, доколку неговата Конзервативна партија добие мнозинство на изборите за две недели, пренесе МИА.
-Ако успееме да добиеме мнозинство, тогаш најдоцна до 31 јанаури ќе излеземе од ЕУ , рече Џонсон за радио Би-Би-Си.
Тој повтори дека не гледа причина зошто Велика Британија да треба да го продолжи преодниот период за Брегзит по 2020 година, пренесуваат британските медиуми.
Запрашан дали повеќе сака да остане премиер или Велика Британија да ја напушти ЕУ, Џонсон одговори дека „повеќе сакам да не исфрлам од ЕУ, тоа можам да ви го кажам“.