Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов со претставници од Градскиот трговски центар и Општина Центар официјално го пушти во употреба зелениот покрив на ГТЦ.
Убаво уредниот простор има зеленило, клупи и фонтани, а дел од покривот на ГТЦ кој до сега беше неискористен, сега станува место достапно за сите граѓани.
Шилегов најави дека ова е мал придонес во борбата со загадувањето и зазеленување на Скопје.
Иако се простира само на 1.800 квадрати, додека покривот на ГТЦ е уште пет пати по толку, сепак се очекува резултатите да ги даде за време на летните горештини со намалување на температурата околу плоштадот „Македонија“.
Б.Б.