ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Македонија новите градби можат да издржат земјотрес со интензитет од 9 степени

-Сите нови градби мора да се изведат согласно проектите и стандардите за проектирање.

November 29, 2019 15:53
in ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Македонија новите градби се проектирани за да издржат интензитет од 9 степени или јачина од 6,5 до 7 магнитуди по Рихтер. Градбите во Македонија се најквалитетни од сите во регионот, а доказ за тоа е и земјотресот од 2016 година во кој немаше ниту една срушена зграда, велат од Институтот за сеизмологија и Градежната комора при Сојузот на стопански комори.

-Сите нови градби мора да се изведат согласно проектите и стандардите за проектирање. Во тие стандарди за проектирање државата го дефинира нивото на прифатлив ризик за одреден тип на објекти. Вообичаено се проектира на ниво на очекуван интензитет или јачина, магнитуда. Ние не ги проектираме објектите во Македонија за земјотрес од Јапонија, Нов Зеланд или од Чиле, туку согласно науката и досегашната историја. Имаме некои анализи кои покажуваат какви се максималните очекувања. Тоа е интензитет од 9 степен или јачина од 6,5 до 7 магнитуди по Рихтер. Тоа е основата на проектирањето на поголемиот дел од објектите во државата. Сите нови објекти мора да ги задоволат овие критериуми, изјави директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија Влатко Шешов
Според претседателот на Градежната комора при ССК Ивица Јаќимовски согласно Законот за градба секој учесник во градба сноси кривична одговорност.

– Мора секој да поседува соодветни лиценци во делот на изведба, проектирање, надзор. Не треба да се сомневате дека тоа што се гради денеска е неквалитетно. Не треба да значи ако бојата на фасадата избледела тогаш таа градба е неквалитетна, тоа е апсурд. Основата на градбата што објектот го прави да е квалитетен е бетон и железо, се друго е минливо, вели Јаќимовски.

Според Шешов и Јаќимовски, тоа што се случи во Албанија, не е возможно да се случи кај нас. Сите објекти за кои се бараат градежни дозволи, независно дали се на ќоше, во маало, во помало место, минуваат низ системот на ИЗИС, а тоа е гаранција за безбедност и квалитет. Денешните градби не може да бидат понеквалитетни од поранешните.

– Сите градежни проекти кои се пуштени во процедура, подлежат на дополнителни контроли во текот на проектирањето. Позитивно мислење се дава само доколку проектот ги задоволува техничките стандарди и прописи. Ако се работи за поголеми површини, ИЗИС е должен да излезе и на терен, за да провери дали квалитетот на конструкциите соодветствува со основниот проект за кој е добиена градежна дозвола, нагласи Шешов.

Земјотресите во 2016 година од кои еден беше доволно силен, потврдија, рече директорот на ИЗИС, дека градбите кај нас се квалитетни. Ниту една не се сруши. Имаше само мали оштетувања на некои од постарите објекти.

Во врска со квалитетот на дивоградбите, Јаќимовски, рече дека никој не може да гарантира, иако тоа не значи дека дел од нив не се квалитетни.

Директорот на Институтот за сеизмологија, Шешов најави дека екипи на ИЗИС следната недела, во координација со Владата и Албанската амбасада, ќе заминат за Албанија каде ќе учествуваат во т.н. брза проценка на безбедноста на објектите. Практично ќе помогнат во означувањето на оние објекти кои се опасни за натамошно домување.

Next Post

Крива Паланка: ,,Природата се менува - се менуваме и ние“

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk