ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Крива Паланка: ,,Природата се менува – се менуваме и ние“

ОО Цервен крст од Крива Паланка денес организираше настан по повод завршните активности од проектот ,,Природата се менува - се менуваме и ние“, чија реализација беше финасирана со средства од буџетот на Општина Крива Паланка, предвидени во  програмата за помош и поддршка на здруженија и фондации

November 29, 2019 15:59
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ОО Цервен крст од Крива Паланка денес организираше настан по повод завршните активности од проектот ,,Природата се менува – се менуваме и ние“, чија реализација беше финасирана со средства од буџетот на Општина Крива Паланка, предвидени во  програмата за помош и поддршка на здруженија и фондации.

На настанот беа презентирани спроведените активности, преку видео материјал, фотографии,текст, и храна,како и научените лекции за менаџирање со вишокот на храна.

Како дел од настанот беше предвидена и дистрибуција на хуманитарни пакети, средства за хигиена и храна, до социјално загрозените семејства и стари и ианемоштени лица. Храната, беше приготвена и спакувана од страна на младите волонтери вклучени во проектот и во соработка и помош на пензинерите челнови на Клубот„Достоинствен живот“.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски присувствуваше на овој настан, како и во активноста за дистрибуција на храна и во име на општината и свое лично име подари хуманитарни пакети и заедно со волонтерите посети дел од корисниците на овој вид на помош, на старите и изнемоштени лица.

Во оваа прилика тој рече дека, не секое семејство има на кого да се потпре во третата доба, а токму службата како црвен крст е тука да помогне на тие лица.

-Честитки за иницијативите на Црвен крст, придонесот на овие млади волонтери и искусните повозрасни членови на клубот. Верувам дека ангажманот на сите нас треба да бидепроактивен и да бидеме општествено одговорни. Ние како општина доделуваме средства и пружаме пдршка на вакови активности, но сега ОО Црвен крст ја рализираше активноста, а веќе од наредната година може да се вклучат и претставници на општинските служби, за да сите генерации, и средовечните бидат директно инволвирани во ваква хумана мисија и да покажеме дека сите се грижиме за нашата локална заедница. А  на тој начин придонесуваме и за зголемување на бројот на ангажирани граѓани и развојот на волонтерството и хуманите вредности за добробит на заедницата,изјави Мицевски.

Главна цел на овој проект е создавање на локален оджлив систем за искористување на храна во насока на подобрување на условите за живот на социјално загрозени граѓани на територијата на општина Крива Паланка.

За реализација на целите на овој проект, Општинскта организација на Црвен крст организираше бројни  активности, како на пример стартувањето со пилот систем за редистрибуција на храна до социјално загрозените граѓани во општините Крива Паланка, заедничко подготвување на оброци каде млади волонтери  приготвуваа  заеднички обоци во домаќинствата на пензионерките-членки на Клубот„Достоинствен живот“, каде на директен начин, младите се запознаваат со вештината на приготвување на  традиционалната локална храна, а возрасните волонтери креативно и едукативно ќе го исполнат своето време.

Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка изјави дека,со поттикнување на свеста за сиромаштијата и вишокот на храна од домаќинствата и  со координирана и насочена акција, може да ја зголемиме продуктивноста и квалитетот на живот на повеќе нивоа.

Со планираната акција, од една страна ќе ја зголемиме употребливоста на храната и искористувањето на вишоците преку нивна прераспределба и редистрибуција на социјално загрозените лица, со што ќе ги подобриме нивните услови за основна исхрана. Од друга страна,  ќе ја зголемиме свеста на домаќинствата за хуманост и споделување на вишоците на храна со оние на кои им е најпотребна, а со тоа ќе ја зајакнеме и  свеста за општокорисна и доброволна работа и демократизација на општеството. Вклучувајќи ги и младите во синџирот на исхрана, и кај нив ќе ја зголемиме свеста за хуманитарна и волонтерска работа, но и за културните и традиционални вредности во општествениот систем и во локалната заедница, рече секретарот на ОО Црвен крст, Дарко Пешевски

Next Post

Арсенал го отпушти Емери

Најново

Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис – 22 април 2026

April 22, 2026

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk