Инспекторатот на Град Скопје вчера изрече 93 казни за паркирање на јавни површини и зеленило во најавената акција против уништувањето на блоковското зеленило во населбите Карпош 3 и Карпош 4. Дополнително, пајакот и сообраќајната полиција имаа уште 24 подигања и дополнителни казни за посетителите на Сити Мол за познатиот „Black Friday”, известуваат од Град Скопје.
Секоја година на овој ден граѓаните од околните згради на Сити Мол се жалат на уништени тревници, тротоари и урбана опрема, како и оштетени возила и дрвја. Затоа, градскиот инспекторат оваа година најави акција за казнување неколку дена однапред која заврши со досега рекордни бројки.
Градските и општинските служби повторно ќе ги реконструираат тревниците, но апелираме на поголема одговорност од граѓаните и посетителите на околните трговски центри.