Нема бланко поддршка од ДУИ за иницијативата на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување. Коалициските партнери засега се без усогласен став по одлуката Уставен да преиспитува дали поранешниот Претседател Ѓорге Иванов имал или немал право да ја повлече аболицијата за тогаш осомничените, сега обвинетите во случаите на СЈО, објави Алсат М.
„Во моментов правиме консултации со домашни и меѓународни правни експерти со цел правно разјаснување на оваа состојба“-истакнаа од ДУИ.
СДСМ, преку министерот за внатрешни Оливер Спасовски побара поддршка за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување од ВМРО – ДПМНЕ.
„Сакам да упатам порака и до претседателот на Уставниот суд. Заради тоа што Уставниот суд треба да биде стожер на заштитата на уставноста и на законитоста, да остане на висината на задачата којашто ја има дадена од страна на граѓаните. Да остане стожер на уставноста и да не дозволи никаков притисок за ништо“, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи .
Целиот текст можете да го прочитате на Алсат М.