Уставните судии в среда ќе ја разгледуваат иницијативата за уставноста и законитоста на Член1 и Член 2 од Законот за амнестија, на чија основа беа амнестирани лицата кои учесствуваа во насилството во Собранието на 27 април 2017 година, настанот познат како „крвавиот четврток“.
Ослободителна пресуда доби само Игор Дуловски. Законот за амнестија опфати 15 обвинети. Петмината пратеници Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Сашо Василески, Јохан Тарчуловски и Љубен Арнаудов. Потоа Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски кои беа организатори и водачи на протестите на „За заедничка Македонија“. Законот за амнестија не ги опфати само директните сторители. Со амнестијата не беше опфатен поранешниот прв човек на БЈБ Митко Чавков кој издржува 18 години затвор.
Во членот 1 се наведува дека се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор, лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со априлските настаните во Собранието пред две години. Во членот 2 пак се наведува дека со амнестија од ставот 1 на овој член се ослободуваат од кривично гонење според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со собраниските настани од 27 април 2017 година.