Двајца Црногорци од исто село играле шах, а едниот лут, пукал во другиот, па го погодил во левата рака.
Имено, црногорската полиција го уапсила Е.Е. (56) од Османбегово село, кај Бело Поле, поради сомнение дека се обидел да го убие соседот Х.С. (70).
Ранетиот раскажува дека претходниот ден во селската кафеана играле шах, како што често прават. Кога се обидел да го матира противникот, тој го обвинил дека му го украл топот.
Следниот ден, додека Х.С стоел во дворот, Е.Е. поминувал со трактор. Сопрел, извадил пиштол од непозната марка и шукал кон него. Куршумот поминал низ левата рака над дланката.
Тој е пренесен во болница каде му е укажана помош, по што е упатен на кусо лекување.