Вкупно 50 починати и над 2.000 повредени. Ова е билансот на трагичниот земјотрес во Албанија откако спасувачката операција и официјално се прогласи како завршена од премиерот Еди Рама.
Потрагата по преживеани во земјотресот официјално е завршена, бидејќи според сведочења и официјалните податоци нема повеќе луѓе под урнатините, ниту исчезнати.
По најсилниот земјотрес кој се случи на 26.11.2019 и над 500 други афтер-шок удари, околу 900 згради во Драч и над 1.450 во Тирана останаа сериозно оштетени.
Во средата 03:49 часот беше регистриран земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, а до вчера беа регистрирани и земјотреси со помал интензитет кои достигнале максимум до 5 степени.
Сите држави од соседството и многу светски држави се вклучија во хуманитарна и спасувачка акција во помош на Албанија. Владата на Република Северна Македонија освен првичната финансиска помош од 100.000 евра испрати и тимови, техника, експерти, пожарникари и друга помош, а на оваа акција се приклучија и многу општини, градот Скопје и невладини организации.
А. З.