Хрватскиот министер за одбрана изјави дека неговата земја направила план за издвојување за НАТО, што од неа се бараше.
Кон крајот на октомври во Брисел, Хрватска, како и неколку други членки на НАТО, добија ултиматум од САД и НАТО за шест недели да состават конкретен план за да се дојде до издвојување два отсто од БДП за одбраната.
Дамир Крстичевиќ, министерот за одбрана на Хрватска, рече денеска дека таков план е направен.
На самитот на НАТО во Лондон на 3 и 4 декември, Хрватска ќе соопшти дека издвојување на два отсто од БДП ќе достигне за пет години односно во 2024 година, кога земјата на одбрана ќе троши годишно 9,4 милијарди куни.
Засега Хрватска издвојува 1,68 отсто од БДП на одбрана, а најголеми забелешки доби на фактот дека не издвојува доволно за набавка на нови оружени системи и модернизација на постојните, во што е најлоша од сите членки на НАТО.
Во Европа најмногу трошат Велика Британија – 61 милијарди долари, Германија – 55, Франција 51, Италија 25…