Веќе три години здружението „Вера“ од Струмица, за Светскиот ден на лицата со попреченост 3 декември, организира модна ревија за деца со попреченост.
– Многу ми е мило кога гледам дека убави настани стануваат традиции. Во чест на Светскиот ден на лицата со попреченост – 3 декември, здружението од Струмица „Вера“ организира модна ревија за 20 деца со попреченост, веќе трета година по ред.
Зорица, заедно со градоначалникот на Струмица и други познати личности ги придружуваа моделите на модната писта, а со цел да се покаже дека и овие дечиња се дел од нашето општество и да не се чувствуваат отфрлени.
Не можам, а да не поддржам вакви иницијативи, бидејќи се директно во линија на нашиот концепт за „Едно општество“. Мора да има место за секој во нашата држава и да ги прифаќаме нашите различности, бидејќи тие нѐ прават сите посилни во нашиот прекрасен мозаик – напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук, во знак на поддршка на иницијативата.