ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уставниот суд в среда ќе ја разгледа иницијативата за Законот за амнестија

Со иницијативата се бара да се разгледа уставноста и законитоста на овие два члена од Законот за амнестија врз основа на кои беа амнестирани лица инволвирани во насилството во Собранието на 27 април 2017 година.

December 2, 2019 13:46
in ПРАВДА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Уставниот суд в среда на седница ќе ја разгледува иницијативата за уставноста и законитоста на членот 1 и членот 2 од Законот за амнестија, пренесе МИА.

Со иницијативата се бара да се разгледа уставноста и законитоста на овие два члена од Законот за амнестија врз основа на кои беа амнестирани лица инволвирани во насилството во Собранието на 27 април 2017 година.

Меѓу амнестираните за „крвавиот четврток“ беа и петмината пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов,  кои беа обвинети дека ги отвориле вратите и ги насочувале лицата со фантомки и другите граѓани кон пленарната сала и кон прес-центарот во Собранието на 27 април.

Меѓу амнестираните беа и водачите на протестите на „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски, кои беа обвинети дека со своите говори ги повикале граѓаните да влезат во законодавниот дом.


Судот во Скопје изрече казна во времетраење од вкупно 211 години на 16 обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 години за загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Највисока казна од 18 години затвор доби поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, а останатите добија од осум до 15 години затвор. Ослободителна пресуда за „27 април“ доби оперскиот пејач Игор Дурловски.


Уставниот суд  минатата недела поведе постапка за членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година, со што предизвика бурни реакции во јавноста.


Државните претставници и правните експерти сметаат дека евентуалната одлука на Уставниот суд за укинување на членот 11-а од Законот може да предизвика уривање на правната држава, на принципот на владеење на правото и директен удар на демократијата.


По оваа постапка на Уставниот суд, министерката за правда Рената Дескоска го повика Собранието, а пратеничката група на СДСМ поднесе барање за автентично толкување на чл. 11 од Законот за помилување, кој се однесува на правото на претседателот на државата да дава помилувања без одобрение и мислење од посебната комисија.


Дополнувањето на членот 11, со став 11 а, го направи претходниот собраниски состав кога мнозинството во Парламентот го имаше коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.


Претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука за аболиција на педесетина лица во 2016 година, но по протестите и реакциите од меѓународната заедница ја повлече одлуката.


Според министерката Дескоска и правните експерти, одлуката која Иванов тогаш ја донесе не била законска, бидејќи тој член од Законот на кој поранешниот претседател се повикал веќе не постоел, со што не треба да важат помилувањата кои сега Уставниот суд преку укинување на членот би ги активирал повторно.

Next Post

До нова година поврат на персоналниот данок во земјоделството

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk